Турски печат 21.02.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1149521
Турски печат 21.02.2019

Весникот „Ватан“  во веста под наслов „Значајни изјави од претседателот Ердоган“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во врска со активностите на Турција за истражување на нафта во Источниот Медитеран рече: „Иншаллах (со Аллахова помош) ќе му ги дадеме и радосните вести на нашиот народ кои што ги очекува со нетрпение.“ Претседателот Ердоган вчера  на колективната церемонија на ставање во употреба на неколку нови проекти, во паркот Ќороглу во населеното место Алтиндаг во Анкара, им асе обрати на граѓаните. Велејќи „На нашиот дневен ред се наоѓа формирање на безбедна зона во нашите погранични области“, претседателот Ердоган истакна дека 310 илјади од сириските бегалци кои се наоѓаа во Турција се вратија назад во своите домови.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез се состана со Алиев“, информира дека министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез во Азербејџан каде што отпатува за Петтиот министерски состанок на Советодавниот совет на проектот Јужен гасен коридор, вчера беше примен кај азербејџанскиот претседател Илхам Алиев. Како што се вели во објавеното соопштение од кабинетот на азербејџанскиот претседател, претседателот Илхам Алиев истакна дека преку Трансанадолскиот гасовод (ТАНАП) во Турција се испорачани повеќе од 1 милијарда кубни метри природен гас. Во истото соопштени им се одделува место и на изјавите на министерот Донмез кој рече дека големите проекти како што се Трансанадолскиот гасовод (ТАНАП) и Рафинеријата „Стар“ ќе бидат продолжени и во иднина.

„Прекугранична операција од турските хирурзи“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабертурк“, каде што се вели дека 6 мина доброволни професори од различни универзитети на Турција со оперирање на 30 болни во критична здравствена состојба во градот Киркук во Ирак ги вратија во живот овие лица. 6 мина доброволни професори хирурзи од универзитетите Гази, Јилдирим Бејазит, Османгази, Неџметтин Ербакан и Селчук заедно со нивните екипи, освен овие реализирани критични хируршки зафати одржаа и семинари и конференции во Киркук каде што информираа за најновите достигнувања во медицината. Овие доброволни професори-лекари работеа и во болниците и здравствените институции во градот, како и во бегалските кампови.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Останаа изброени денови за 89’от автомобилски саем во Женева“, пишува дека останаа изброени денови за отворање на вратите за посетителите на 89’от автомобилски саем во швајцарскиот град Женева, кој се оценува за еден од најзначајните и најпрестижните автомобилски саеми во светот. Саемот ќе може да се посети од 7 до 17 март и исто како и во претходните години и оваа година се очекува да стане сцена на колоритни слики. На годинашниот 89’ти автомобилски саем кој прв пат бил одржан во 1905 година и во 1924 година бил прогласен за меѓународен саем, ќе учествуваат и турски фирми.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Истанбул се приклучува кон рутата Дон Кихот“, пишува дека во врска со шпанскиот писател Сервантес авторот на романот „Дон Кихот“ кој се смета за прв роман на модерна Европа, во Истанбул ќе се одржи дводневна манифестација насловена како „Сервантес во Истанбул“. Манифестацијата со која Истанбул официјално е вклучен меѓу градовите на „Рутата Дон Кихот“, во соработка со Културното акционерско друштво подружница на Локалната самоуправа на Истанбул (ИББ) и Институтот Сервантес, ќе се одржи на 22 и 23 февруари во концертната сала Џемал Решит Реј.



Слични вести