Турски печат 19.02.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1147979
Турски печат 19.02.2019

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Значајни изјави од Ердоган“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган што ги даде вчера пред насобраните граѓани на плошадот на Републиката во градот Бурдур. Претседателот Ердоган се осврна на терористичкиот коридор кој што се сака да се формира во северниот дел на Сирија со поддршка на западните земји, на чело со САД, искористувајќи ја притоа сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК. Ердоган истакна дека Турција нема да замижи пред формирањето на терористичкиот коридор веднаш покрај нејзините граници и дека по секоја цена тој терористички коридор ќе биде срушен. „Турција нема да замижи, и нема да прифати формирање на терористичка формација веднаш покрај нејзините граници.“ - рече претседателот Ердоган.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Првиот брод крстосувач во оваа година се укотви во Кушадаси“, пишува дека во познатото туристичко одморалиште Кушадаси, кај градот Ајдин, пристигна првиот брод за крстарење, во туристичката сезона во 2019 година. На бродот за крстарење „Black Watch“ кој плови под знамето на Бахамите и се наоѓа на 107 дневно крстарење низ светот, се наоѓаат 550 патници. Бродот вчера остана во Кушадаси до вечерните часови, а потоа отплови за пристаништето на италијанскиот град Наполи.

„Уште една новина од Туркиш Ерлајнс“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“, каде што се истакнува дека Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) одлучи да воведе редовни линии за градот Поинт-Ноар во Република Конго и за градот Порт Харкурт во Нигерија. Во објавеното соопштение од Платформата за информирање на јавноста на Туркиш Ерлајнс се вели следното: „Од страна на Управниот одбор на нашето партнерство е донесена одлука, согласно условите на пазарот да бидат воведени редовни линии за градот Поинт-Ноар во Република Конго и за градот Порт Харкурт во Нигерија.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Рекорд во продажбата на станови на странци во месец јануари“, пишува дека продажбата на 3.168 станови колку што беа купени од страна на странците во првиот месец од годината, е заведена како најголема бројка на продадени станови на странци во месец јануари. Заводот за статистика на Турција (ТУИК) го соопшти бројот на продадени станови во јануари во 2019 година. Според тоа, продажбата на станови на странци во јануари во споредба со истиот месец минатата година со раст од 81,9 отсто се зголеми на 3.168 станови. Според земји, најголем број станови им беа продадени на ирачките државјани кои во јануари купија 605 станови. По Ирак по бројот на купени станови следуваат Иран со 305, Русија 195, Авганистан 191 и Јордан со 151 купен стан во Турција. 

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Идил Бирет ќе приреди концерт во Сочи“, информира дека државната уметничка, познатата турска пијанистка Идил Бирет ќе настапи пред љубителите на музиката со концерт што ќе го приреди на затворањето на Меѓународниот фестивал за уметност што се одржува во рускиот град Сочи.  Пијанистката Бирет на концертот што ќе го приреди на 24 февруари, ќе настапи заедно со Рускиот младински симфониски оркестар под водство на Јури Башмет и притоа ќе го изведе Концертот за пијано на Рахманинов.

 

 



Слични вести