Турски печат 13.02.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1144074
Турски печат 13.02.2019

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Турција го откри валканото пазарење помеѓу ДЕАШ и ПКК“, пишува дека министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу даде изјава во врска со валканото пазарење кое се наоѓа во позадината на случајот со пронајденото возило бомба во Турција пред една недела. Велејќи дека се фатени оние кои се обиделе да и постават стапица на Турција и оние преку границата од чија страна била доставена директивата, Сојлу истакна дека терористот од чија страна бил подготвен планот е припадник на ДЕАШ и дека овој терорист признал дека сепаратистичко-терористичката органзиација ЈПГ/ПКК се договорила со ДЕАШ да ослободи 100 терористи членови на ДЕАШ.

Весникот „“Хабертурк“ во веста под анслов „Развиен домашен дрон кој што ја пренесува снимката од воздух во реално време“, информира дека домашниот оператор за технолошка комуникација Турксел разви домашен дрон кој што е контролиран со 5G и снимката во 4К од 360 степени може да ја пренесува на очила за виртуелна реалност. Благодарение на ова решение ќе можат да се реализираат активности за контрола на нафтоводите и гасоводите во индустриската сфера и на нивите во земјоделскиот сектор. Освен тоа благодарение на карактеристиката на пренесување на снимка во 4К од 360 степенин би можеле да се пренесуваат на очила за виртуелна реалност, концерти или други различни манифестации.

Големата радосна вест во Тракија ќе пристигне од камениот гас“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“, каде што меѓу другото се вели дека додека со сиот интензитет продолжуваат активностите на Турција за инвестирање во сферата на енергијата и пронаоѓањето на нови лежишта, почнаа да се собираат и плодовите на чекорите кои што се фрлаат. Пронаоѓањето на природен гас во лежиштето Западен Челтик-1 во Тракија започна нов период во областа. Според енергетски експерти, во Тракија вистинската радосна вест ќе пристигне од камениот гас. Во областа за која станува збор се пронајдени 3 милијарди кубни метри природен гас, додека постои приближно 60 пати повеќе камен гас.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Во секторот на енергијата од ветар во Турција минатата година се инвестирани 650 милиони долари“, пишува дека според еден објавен извештај, инсталираната моќ на енергијата од ветар на Турција минатата година се зголеми за 497 мегавати. На тој начин инсталираната моќ во секторот на енергијата од ветар минатата година, во споредба со претходната година со раст од 7,2 отсто достигна до вкупно 7.369 мегавати. Според градови пак, на првото место со 1.405 мегавати се наоѓа Измир. Потоа со 1.123 мегавати на второ место е Баликесир, а на трето со 669 мегавати се наоѓа Маниса. 

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Во Истанбул почнува Фудбалскиот самит на ФИФА“, пишува дека на 13 февруари, среда (денеска)во Истанбул почнува Фудбалскиот самит на ФИФА на кој се состануваат претседателите и високите функционери на 47 федерации членови на ФИФА. Турција по втор пат е домаќин на овој самит кој се одржува од ноември 2016 година, а со цел разгледување и дискутирање во конструктивна средина за стратешки прашања кои што ќе ја претставуваат основата на реформите на ФИФА. На крајот на работите претседателот на ФИФА Џиани Инфантино на 15 февруари, во петок, ќе одржи прес-конференција во хотелот во кој се одржува самитот.



Слични вести