Турски печат 07.02.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1140418
Турски печат 07.02.2019

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Соопштен датумот на испорачување на С-400 во Турција“, пишува дека претседателот на Федералната служба за воено-техничка соработка (ФСВТС) на Русија Дмитриј Шугаев истакна дека согласно договорот ракетните системи за противвоздушна одбрана С-400 ќе и бидат предадени на Турција, наесен во 2019 година. Шугаев рече: „Портфељот на порачка на Турција во моментов изнесува над 1 милијарда долари. Датумот на предавање на два пати го поместивме на напред и наесен во 2019 година, ќе ги исполниме нашите обврски.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Богатство за природно здравје: Магнетен црн песок“, информира дека магнетниот црн песок кој го прочу своето име со методите на лекување кои што се применуваат во светот и кој е откриен во црноморската област на нашата земја, го поттикнува функционирањето на тимусната жлезда и претставува лек за различни болести од стресот до несоницата и од реуматичните болести до псоријазата. Магнетниот црн песок кој што го има само во одредени делови во светот и се среќава во Турција, во населеното место Унје кај градот Орду во црноморската област, а привлекува внимание со богатите минерали и нивни компоненти кои што ги содржи.

„Туркиш Ерлајнс ќе излезе на терен во Суперкласико“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабертурк“, каде што се вели дека Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) која досега фрли потпис на значајни спонзорства во светски рамки, овојпат се подготвува да се појави и во Латинска Америка, во аргентинското Суперкласико, како најголемо дерби во светот. Спортскиот клуб Ривер Плата достави предлог за соработка со Туркиш Ерлајнс за дресови, користење на стадионот и социјалната медија. Така рекламата на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) ќе се наоѓа на дресовите на фудбалскиот клуб Ривер Плата и на стадионот Естадио Монументал. Дербито во Суперкласико пак помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс ќе се одигра на 8 февруари (утре).

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Хуавеи го објави својот прв реркламен филм снимен во Турција“, информира дека кинескиот производител на умни телефони Хуавеи (Huawei)почна да емитува телевизиска текламна кампања за својот нов телефон P smart 2019. Рекламниот филм е снимен во Турција и беше објавен на каналот „Huawei Mobile Türkiye“ на Јутуб. Во рекламниот филм се прикажуваат природни убавини од различни места на Турција како езерото Хазар во градот Елазиг, Халфетије скриениот рај во градот Шанлиурфа, Ѓуројмак во градот Битлис и кањонот Тази во Анталија.  

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Странските инвеститори почнаа со апетит во берзата во 2019 година“, пишува дека странските инвеститори кои во месец јануари во Истанбулската берза купија акции во износ од нето 798 милиони долари, го остварија највисокиот износ од 2017 година досега. Странските инвеститори во месец јануари во 2017 година имаа купено акции во нето износ од 816 милиони долари и досега не можеше да се достигне до ваква висока нето сума. Под дејство на апетитот од растечкиот глобален ризик во првиот месец од 2019 година, странските инвеститори прерминаа кон купување на голема сума акции во Истанбулската берза. Меѓу акциите кои што беа најпретпочитувани од страна на странските инвеститори во месец јануари, беа банките.



Слични вести