Турски печат 06.02.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1139608
Турски печат 06.02.2019

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Изјава за Сирија од Ердоган: Самите ќе ја пресечеме нашата папочна врвца“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа вчера на состанокот на Пратеничката група на својата владејачка Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ), меѓу другото се осврна и на случувањата во Сирија во врска со што рече: „Доколку САД не ги исполнат ветувањата кои што ни ги дадоа и за неколку недели не обезбедат терористите да излезат од тоа подрачје (Менбич), без оглед на последиците од сето тоа, ние ќе ги фрлиме нашите чекори. Турција самата ќе си ја пресече својата папочна врвца.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Моратинос: Да не беше Турција немаше да опстане Алијансата на цивилизациите“, информира дека Високиот претставник на Алијансата на цивилизациите на Обединетите нации (ОН) Мигуел Моратинос рече: „Да не беше Турција немаше да опстане Алијансата на цивилизациите. Турција е постојана ченка која е посветена со верување кон продолжување на работите на Алијансата.“

„Тивкиот град на Турција, Ерзурум, со своите водопади од мраз личи на Алпите“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Хабертурк“, каде што се вели дека со замрзнување на водопадите во населеното место Узундере во зимскиот туристички центар Ерзурум, кој инаку е прогласен и за тивок град, ледените маси достигнаа до височина од дури 300 метри. На тој начин ледените маси претставуваат извонредна и неприкосновена рута и обезбедуваат можности за планинарите кои бараат алтернативни маршрути за искачување по мраз, во светот. Со тоа овде со право недостасуваат и Алпите кои се појавуваат на преден план во оваа сфера.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Ќе го прошета Истанбул“, пишува дека руската маникенка и топ модел Кате Григориева откако денеска ќе учествува на Истанбулскиот саем Линекспо нема веднаш да се врати во Москва. Рускиот топ модел Григориева во текот на пет дена ќе остане во Истанбул каде што ќе ги прошета туристичките и историските знаменитости на градот, ќе излезе на шопинг и ќе проба од познатите турски специјалитети.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Рекорд во туризмот во 'мртвата сезона' “, информира дека во Анталија каде што во 2018 година беше доживеана најдобрата туристичка сезона, во месец јануари во споредба со истиот месец минатата година со раст од 53,8 отсто и 142 илјади 297 туристи, е постигнат рекорд на сите времиња. Ваквиот рекорден раст во бројот на туристите во месец јануари кој што инаку се оценува како 'мртва сезона', влеа голема надеж и од аспект на целта за проширување на туризмот во текот на целата година, односно во текот на сите 12 месеци од годината. 

 



Слични вести