Турски печат 05.02.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1138885
Турски печат 05.02.2019

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Сиријката Фида: Тогаш кога ги видов Турците почувствував дека овој свет се уште е добар“, пишува дека Сиријката Фида Хасан која и покрај тоа што во нападите на режимот на Бешар Асад ги загубила својата една нога, својот татко и своите браќа, сега работи како учителка во бегалските кампови на турско-сириската граница. Со поддршка на турските институции таа сега се здоби со протеза на својата нога. Сиријката Фида чија животна приказна беше емитувана на 2 февруари од страна на турската телевизија за документарни филмови „ТРТ Белгесел“, овде вели: „Турскиот народ е со насмевка на лицето и е добар. Луѓето кои ме гледаа на улица ми помагаа. Бидејќи јас тогаш живеев во инвалидска количка. Тогаш кога ги видов Турците почувствував дека овој свет се уште е добар. До крајот на мојот живот ќе бидам задоволна од нив.“    

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Турција, една од првите 10 одбранбени производители во светот“, им одделува место на следните изјави на потпретседателот на Претседателството за одрбанбена индустрија во кабинетот на претседателот, Сердар Демирел: „Кога ќе погледнеме кон последните 15 години на турската одбранбена индустрија, со широка лепеза со тренд нагоре сме дојдени во положба на една од првите 10 земји одбранбени производители во светот.“ Велејќи дека Турција го разви својот национален тенк самата со сопствени можности, без било каква помош од надвор и дека Таа дава сериозен придонес и во проектот на борбениот авион Ф-35, Демирел рече: „Нашиот оригинален хеликоптер Ѓокбеј исто така ги продолжува своите летови за тестирање.“  

„Меѓу највредните банки во светот се наоѓа и една турска банка“ гласи насловот на страниците на весникот „Стар“, каде што се вели дека на ранг листата на водечката светска консултантска компанија за вреднување „Бренд Финанс“, се наоѓа и Зираат банката, како турска банка која најмногу го зголеми својата вредност како бренд во 2017 и 2018 година. Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак во објавата што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер и честита на Зираат банката, која стана највредна турска банка. 

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Новиот рекламен филм на Туркиш Ерлајнс беше прикажен на Супер Боул“, информира дека верзијата од 30 секунди на кусиот рекламен филм на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) по име „Патување“ снимен од страна на светски познатиот англиски режисер и продуцент Ридли Скот, беше прикажан во финалето на Супер Боул на американската Национална фудбалска лига НФЛ, како најмногу гледана спортска програма во светот. Рекламниот филм раскажува за едно занимливо гонење низ квартовите на Истанбул, како единствен и неприкосновен град во светот по својата географска местоположба и цивилизациите чиј домаќин бил низ историјата. Во рекламниот филм се прикажуваат иконски симболи на Истанбул како што се сарајот Чираган, цистерната Шерефије, плоштадот Ортаќој и новоизградениот Истанбулски аеродром. 

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Расте заинтересираноста кон новата зацртана рута за туристите во Газиантеп“, пишува дека градот Газиантеп кој што ја привлекува заинтересираноста на домашните и странските туристи со своите музеи и силата со која располага во гастрономијата, со големиот број извонредни специјалитети, ги отвори за посета за посетителите и гробниците кои што датираат од бронзеното доба и кои се состојат од џиновски карпи тешки неколку тони. Се претпоставува дека овие гробници датираат од 3000'дитите до 1200'тите години пред новата ера.

 



Слични вести