Турски печат 04.02.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1137989
Турски печат 04.02.2019

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Критичен самит меѓу Турција и ЕУ“, пишува дека состанокот на Партнерскиот совет на ЕУ и Турција кој за последен пат се одржа во 2015 година, ќе се одржи на 15 март. Состанокот е од критично значење од аспект на односите на релација Брисел-Анкара, а ќе бидат поставени на маса односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) со сите нивни димензии. Анкара е на страната на конструктивно разгледување на односите со ЕУ. Одржувањето на овој самит ја дава пораката во правец на тоа дека Турција продолжува да е земја партнер и кандидат од стратешко значење од аспект на ЕУ.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Во 2018 година во Истанбул допатуваа повеќе од 13 милиони туристи“, информира дека Истанбул во 2018 година пречека вкупно 13 милиони 433 илјади 101 странски турист. Кога ќе се направи споредба со претходната (2017) година, ќе се установи раст во бројот на туристите од 24 отсто. Според земји од кои допатуваа најголем број странски посетители во Истанбул во 2018 година на прво место се наоѓа Германија со вкупно 1 милион 71 илјада 634 лица. 

„Извозот на јагоди во споредба со претходната година се зголеми за 95 отсто“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Стар“, каде што се вели дека извозот на јагоди на Турција во 2018 година во споредба со претходната (2017) година со остварен раст од 95 отсто, од 12 милиони 283 илјади долари се зголеми на 23 милиони 975 илјади долари. Турција во 2017 година извезе 13 илјади 678 тони јагоди, додека во 2018 година овој извоз го зголеми на 20 илјади 113 тони. На прво место во извозот на јагоди од Турција се наоѓа Русија, а втора е Романија.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Намештајот кој што се прикажува во турските серии се извезува во 179 земји“, пишува дека секторот на телевизиски серии обезбедува придонес и за туризмот и за извозот. Промовирањето и рекламите влијаат директно на туризмот и извозот. Во Турција секоја година се снимаат повеќе од 100 серии кои се извезуваат во 156 земји и се гледани од страна на 500 милиони лица во светот. Така и турскиот сектор на намештај оствари извоз во 179 земји во светот во износ од 3 милијарди 134 милиони долари. Во телевизиските серии и филмовите се прикажува намештај од домашно производство и тоа значи дека обезбедува заработка во извозот и туризмот.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Светот во потрага по турското овчарско куче“, информира дека за турските овчарски кучиња познати по името Аксарајски Малакли пристигнува барање од голем број земји од Европа до Кина. Кучињата Малакли кои се барани и од земји како што се Бразил и Аргентина се продаваат за 10 илјади до 30 илјади турски лири (односно од 2 илјади до 6 илјади долари). Турското овчарско куче Аксарајски Малакли е тешко околу 85 до 90 килограми и може да достигне до височина од 1 метар 70 сантиметри. Поради неговата големина и верноста кучето Аксарајски Малакли се претпочита за одбрана на стадата овци, а воедно ова турско овчарско куче е познато и по името „Анадолски лав“.



Слични вести