Турски печат 25.01.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1132840
Турски печат 25.01.2019

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Ердоган: Ние во Сирија немаме никаква намера за окупација“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека Турција е единствената земја која е присутна во Сирија поради хуманитарни причини. Ердоган учествуваше на церемонијата на претставување на две нови применувања во Воената школа во Анкара и во говорот што го доржа овде, рече: „Нам ни се доволни овие 780 илјади квадратни километри татковински територии“. Ердоган во врска со безбедната зона за која што се размислува да се формира на границата со Сирија истакна дека Турција нема никаква намера за окупација на туѓи територии. 

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Изјава од Чавушоглу во врска со Венецуела“, им одделува место на изјавите на министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу кој во врска со последните случувања во Венецуела истакна дека некои латиноамерикански земји и САД интервенрираат во внатрешните работи на Венецуела. Чавушоглу потсети дека Турција во ова тешки услови се обидува да и даде поддршка и на економијата на Венецуела.

„Хаубиците на Турските вооружени сили гаѓаа 12 цели во Тел Рифат“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хурријет“, каде што се вели дека Турските вооружени сили (ТВС) ги гаѓаа со хаубици целите на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, кои го држат под окупација селото Шејх Иса кај градчето Тел Рифат и селото Харбил кај градчето Маре, во југоисточниот дел на Африн, во Сирија. Единиците на Турските вооружени сили (ТВС) распоредени во подрачјето на операцијата Еуфратски штит истрелаа 12 гранати од хаубици врз терористичките цели во наведените две села, во југоисточниот дел на Африн.

Весникот „Сабах“ во веста под насов „Значајни средби од министерот Берат Албајрак во Давос“, пишува дека министерот за трезор и финансии Берат Албајрак во рамките на 49'от Светски економски форум во швајцарското градче Давос, имаше средби со францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер и германскиот министер за економија и енергија Петер Алтмаер. Како што се дознава на овие разговори биле разменети мислења во правец на развивање на економските односи меѓу Турција и наведените две земји, Франција и Германија.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Во 50 земји се извезуваат 300 видови локуми од Афјон“ информира дека една фирма која во Афјонкарахисар ги обединила традиционалните методи со модерната технологија остварува извоз на 300 видови локуми од Афјон. т.ј. Афјонски локуми, во 50 земји на 4 континенти. Директорот за извоз на фирмата Мерве Чакиџи вели: „Моментално места во кои реализираме најголем извоз се европските и заливските земји. Во овие земји повеќе испраќаме локуми со лешници, фистаци, бадеми и арома на овошје.“

 



Слични вести