Турски печат 23.01.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1131171
Турски печат 23.01.2019

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Турскиот мед ги заслади устите во 48 земји“, пишува дека извозот на мед од Турција во 48 земји во 2018 година во споредба со претходната (2017) година со раст од 7 отсто достигна до 25 милиони 503 илјади 445 долари. Пет земји во кои беше остварен најголем извоз се Германија, САД, Саудиска Арабија, Шпанија и Австрија.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Сарајот Топкапи стана најпосетуваниот музеј во 2018 година“, информира дека бројот на посетителите на музеите и археолошките локалитети во склопот на Министерството за култура и туризам во 2018 година достигна до 28 милиони 144 илјади 670 лица. Најпосетуван музеј со 2 милиони 980 илјади 450 лица беше сарајот Топкапи во Истанбул.

„Турција ќе реализира метеоролошки испитувања на Антарктикот“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Сабах“, каде што се вели дека според изјавата на министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли, во рамките на Третото национално научно патување на Антарктикот ќе се реализираат метеоролошки испитувања на јужниот пол. Пакдемирли рече: „Одлучни сме да бидеме земја која се натпреварува со светот, по прашањето на метеорологијата.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Турскиот камен се отвора кон светот со брендот 'Туркиш стон'“, пишува дека започнува атакот за афирмирање за природните камења кои што се вадат од турските рудници. Претседателот на Унијата на извозниците на руди на Истанбул (ИМИБ) Ајдин Динчер истакна дека мермерот е познат во светот како италијански камен, меѓутоа Турција е посилна од аспект на резервите и рече: „Нашиот мермер и нашите природни камења ќе ги афирмираме во светот со брендот 'Туркиш стон' “. Велејќи дека бил склучен консултантски договор со архитектите во Њујорк, Динчер рече дека ќе бидат спонзор на манифестациите кои што овде ги организираат архитектите и дека овие активности ќе бидат проширени кон Европа. 

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Отворени објектите на Туркиш Ерлајнс во Истанбулскиот аеродром“, информира дека пред големото пренесување во март, Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) ги отвори своите 5 оперативни објекти на Истанбулскиот аеродром, на простор од 42 илјади 399 квадратни метри, со вкупен покриен простор од 50 илјади 379 метри квадратни. Процесот на пренесување од аеродромот Ататурк во Истанбулскиот аеродром ќе се реализира од 1 до 3 март.



Слични вести