Турски печат 21.01.2019

Еве ги позначајните вести за кои што известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1129598
Турски печат 21.01.2019

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Остар одговор од претседателството против Макгурк“, пишува дека портпаролот на кабинетот на претседателот Ибрахим Калин, вчера преку својата сметка на социјалната мрежа Твитер одговори на изјавите на поранешниот американски претставник на коалицијата за борба против ДЕАШ Брет Макгурк кој изнесе обвинувања против Турција. Калин во својата објава напиша: „Вашата анализа е апсурдна. Обвинувањата против Турција се бесмислени. Вршите пропаганда на ПКК. Турција им го спаси животот на стотици илјади сириски Арапи, Курди, Асирци и др. Сакате да и придадете нов  живот  на ПКК. Тоа нема да се оствари."  

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Алтун: Со операцијата Маслиново гранче го разбивме терористичкиот коридор“, информира дека шефот на одделот за комуникации во кабинетот на претседателот Фахреттин Алтун на својата сметка на социјалната мрежа Твитер објави соопштение по повод првата годишнина од операцијата Маслиново гранче во Африн, во Сирија. Велејќи дека со милост се сеќаваме на шехидите, загинатите војници, во операцијата Маслиново гранче, Алтун напиша: „По Еуфратски штит, со операцијата Маслиново гранче го разбивме проектот за формирање терористички коридор на нашата граница. Покажавме дека со чекори кои што се во услуга и на глобалниот мир, без да им обрнуваме внимание на заканите, ќе ги расипеме игрите. Со милост се сеќаваме на нашите шехиди и ја доставуваме нашата благодарност до нашите газии, со кои ја постигнавме оваа победа.“ 

„Квотата на доматите од Турција за Русија зголемена на 100 илјади тони“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хурријет“, каде што се вели дека министерот за земјдоелство и шумарство Бекир Пакдемирли по учеството на Конференцијата на министрите за земјоделство што се одржа во главниот град на Германија, Берлин, а по повод 11'от Светски форум за храна и земјоделство, во амбасадата во Берлин даде изјава за претставниците на турскиот печат. Министерот Пакдемирли рече: „Разговараме со мојот руски колега. Едната од нашите најголеми предности беше таа што квотата на доматите од 50 илјади тони ја зголемивме на 100 илјади тони.“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Белегот на турските претприемачи на евроазискиот пазар“, пишува дека турските претприемачи кои минатата година во странство презедоа проекти во износ од 19,4 милијарди долари, 46 отсто од овие свои проекти ги реализираа во регионот на Евроазија. Претседателот на Унијата на претприемачите на Турција (ТМБ) Мурат Јениѓун информираше во врска со распределбата на преземените проекти според региони. Јениѓун рече дека 46 отсто од обемот на зделките во 2018 година  беа реализирани во Евроазија, 26 отсто на Блискиот исток, 18 отсто во Африка, 6 отсто во Европа, 3,2 отсто во Јужна Азија и Далечниот исток и 0,6 отсто во земјите од Америка.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Постојат резерви на сол од карпи доволни за Турција 400 години“, пишува дека пештерата од која што се вади сол од карпи во Чанкири уште од времето на Хититите, располага со резерви на сол од карпи кои што би биле доволни за Турција во текот на 400 години. Според археолошките податоци, работите за производство на сол во пештерата која што се наоѓа на 19 километри од центарот на Чанкири, и од каде се вади сол од карпи уште од времето на Хититите, се водат од страна на една приватна фирма.



Слични вести