Турски печат 18.01.2019

Еве ги позначајните вести за кои што известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1128223
Турски печат 18.01.2019

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Во новиот период цел 'Договор за слободна трговија' со САД“, пишува дека претседателот на Турско-американскиот деловен совет (ТАИК) на Советот за надворешно економски односи (ДЕИК) Мехмет Али Јалчиндаг истакна дека чувствува задоволство од тоа што за време на неодамнешниот оставрен телефонски разговор меѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп беше ставено акцент на издигнувањето на економските односи помеѓу двете земји до понапредно ниво. Јалчиндаг рече: „Трговскиот обем од 20 милијарди долари е многу недоволен, треба да ги смениме правилата на играта. Патот на тоа пак поминува од 'Договорот за слободна трговија' .“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Идејата за безбедна зона влеа надеж“, информира дека безбедната зона за која што се планира да се формира во источниот дел на реката Еуфрат во Сирија, повторно влеа надеж кај милиони Сиријци кои беа принудени да ја напуштат својата земја. Сиријците кои сакаат да се вратат во својата татковина посакуваат што поскоро да се фрли чекор во оваа насока и велат дека 4 милиони лица би можеле да се вратат на своите територии. 

„Турција прва во Европа, според земјоделскиот национален доход“ гласи насловот на страниците на весникот „Стар“, каде што се истакнува дека претседателот на Унијата на турските комори и берзи (ТОББ) Рифат Хисарџиклиоглу изјави дека Турција располага со извонреден потенцијал во земјоделството и сточарството и рече: „Според земјоделскиот национален доход сме на прво место во Европа, а на осмо место во светот.“ Хисарџиклиоглу го истакна и следното: „Околу Турција има приближно 2 милијарди население. Ова население увезува земјоделски, прехранбени и сточарски производи во износ од приближно 500 милијарди долари. Во нашето опкружување постои еден извонреден пазар.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „85 отсто од произведените возила во Сакарја, Коџаели и Бурса се извезени“, пишува дека во Сакарја, Коџаели и Бурса кои се наоѓаат меѓу водечките градови во автомобилскиот извоз на Турција, минатата година за еден час беа произведени 177 возила и 150 од нив беа продадени во странство. Турскиот автомобилски сектор минатата година произведе вкупно 1 милион 587 илјади 836 возила. Од нив 1 милион 552 илјади 606 возила што изнесува 97,8 отсто од вкупното производство во земјата, беа произведени на лентите во автомобилските фабрики во Сакарја, Коџаели и Бурса. Така од тие 1 милион 552 илјади 606 произведени возила во овие три наведени града, 1 милион 312 илјади 365 возила беа продадени во странство што пак изнесува 84,5 отсто изразено во проценти.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Катар, за Светскиот куп ќе испрати делегација во Турција“, информира дека катарскиот премиер и министер за внатрешни работи Шеикот Абдулах бин Насир бин Калифа Ал Тани се состана со министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу кој престојува во посета на Доха. Калифа Ал Тани со министерот Сојлу разговараше и за прашањето посветено на безбедносните мерки за време на Светскиот куп во фудбал што ќе се одржи во 2022 година во Катар. Така Катар за Светскиот куп, на 31 јануари ќе испрати своја делегација во Турција. Делегацијата ќе ги разгледа безбедносните мерки кои што се преземаат за време на фудбалските натпревари во Супер лигата на Турција.

 



Слични вести