Турски печат 09.01.2019

Еве ги позначајните вести за кои што известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1121876
Турски печат 09.01.2019

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Наскоро ќе стапиме во акција“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој во врска со операцијата која што ќе се реализира на источниот дел на реката Еуфрат рече: „Наскоро ќе стапиме во акција за неутрализирање на терористичките организации на териториите на Сирија. Ако има и други терористи кои би се обиделе да ја спречат нашата интервенција, секако наш долг е да се справиме и со нив.“ 

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Калин: Никој да не очекува од Турција да и даде гаранција на терористичката организаација“, пишува дека портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин, го изрази задоволството од одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп и по прашањето на операцијата што ќе се реализира источно од реката Еуфрат рече: „Турција е земја која ја покажува најголемата чувствителност по прашањето на воспоставување на животната и имотната безбедност на цивилите, вклучувајќи ги и тамошните Курди. Меѓутоа никој да не очекува од Турција да и даде гаранција на терористичката организација и на било каков начин да ја оправда или легализира истата.“ 

„Целосна координација на терен со Русите“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Сабах“, каде што се истакнува дека во моментот кога Советникот за национална безбедност на САД Џон Болтон допатува во Анкара на разговори за Сирија, Турција фрли стратешки чекор со Москва. Турските вооружени сили (ТВС) воспоставија специјална линија за комуникација со Русите, помеѓу војниците. Со реализацијата на оваа линија за координирано водење на процесот во регионот и воспоставување на постојан контакт, почна да функционира механизмот за соработка помеѓу двете земји.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Откриен 'генот“ кој станува причина за предиспозиција на туберкулоза“, информира дека меѓународниот конзорциум во кој се наоѓа и професор доктор Тајфун Озчелик, го откри генот по име „ТЈК2“ кој станува причина за кршење на отпорноста против туборкулозниот бацил.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Во Троја соборен рекордот во бројот на посетители во последните 10 години“, пишува дека античкиот град Троја во 2018 година пречека 531 илјада 530 лица со што го собори рекордот во бројот на посетители во последните 10 години. Весникот потсетува дека Троја која во 1998 година беше внесена во Списокот на светското културно наследство се наоѓа во близина на градот Чанаккале и е домаќин на 5 илјади годишна цивилизација.

 



Слични вести