Турски печат 07.01.2019

Еве ги позначајните вести за кои што известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1120311
Турски печат 07.01.2019

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Погледите на светот свртени кон средбата Ердоган-Путин“, пишува дека првата средба помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин во новата 2019 година, се очекува да се оствари во текот на овој месец. На разговорите кои што ќе се одржат помеѓу Ердоган и Путин во рамките на посетата на Ердоган на Русија која е испланирана за јануари, се очекува да бидат донесени значајни одлуки по прашањето на купувањето на противвоздушно одбранбениот систем С-400, а пред се во однос на сирисикиот проблем, како и билатералните и регионалните прашања. 

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Барање од жителите на Менбич од Турција: Не оставајте не на Бешар Асад“, информира дека Сиријците кои поради зулумот на кој што се подложени од страна на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК поддржана од САД и на режимот на Бешар Асад биле принудени да ги напуштат своите домови, одбројуваат за операцијата што ќе ја започне Турција во подрачјето. Угнетените кои дојдоа во Турција од голем број места на Сирија велат „Бешар Асад игра игра. Доколку Асад влезе во Менбич таму ќе изврши голем масакр.“ Локалниот народ кој се засолна во Турција, со нетрпение чека да се врати назад во своите домови на териториите кои со реализацијата на евентуална операција, ќе бидат исчистени од тероризмот, .

„Рекорд во извозот во историјата на Републиката, од автомобилскиот сектор“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Сабах“, каде што се вели дека турската автомобилска индустрија минатата година (во 2018) во споредба со претходната 2017 година со остварен раст од 11 отсто фрли потпис на извоз во висина од 31,6 милијарди долари, со што собори рекорд во извозот во историјата на Републиката, во овој сектор. Автомобилскиот сектор минатата година ја заврши со рекорд и по 13'ти пат по ред стана шампион во извозот на годишна база.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Воодушевување поради директниот лет од Анкара за Рим“, пишува дека Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) по изминати 60 години денеска го остварува првиот лет од главниот град Анкара за италијанскиот главен град Рим. Освен тоа, Турската авиокомпанија од Анкара ќе лета директно и за главните градови на Англија и Грузија. Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) на 9 јануари ќе реализира директен лет за англискиот главен град Лондон, а на 18 јануари ќе лета директно за грузискиот главен град Тбилиси.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Висока цена за турскиот фудбалер“, информира дека европски гигантски клуб ги започна иницијативите за трансфер на младиот 19 годишен фудбалер на Трабзонспор Абдулкадир Омур, кој со извонредниот фудбал што го игра се наоѓа меѓу најважните фудбалери на техничкиот директор Унал Караман. Според веста на англискиот весник „Мирор“, Ливерпул кој со досега освоени 54 поени на 21 одигран натпревар се наоѓа на чело на табелата на англиската Премиер лига, за Абдулкадир Омур понудил 27 милиони стерлинзи. Во веста, Абдулкадир Омур е окарактеризиран како „најдобар млад фудбалер на турскиот фудбал.“

 



Слични вести