Турски печат 04.01.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1118992
Турски печат 04.01.2019

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган се состана со ирачкиот претседател Салих“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го пречека со официјална церемонија ирачкиот претседателот Бархам Салих, кој вчера допатува во официјална посета на Турција. По одржаната средба лице в лице и разговорите помеѓу делегациите на двете земји, двајцата претседатели Ердоган и Салих одржаа заедничка прес-конференција. Претседателот Ердоган во оваа пригода рече: „Турција е спремна да ја даде секој вид помош на повторната изградба и реконструкција на Ирак. Спремни сме и за инфраструктурните проекти, на чело со изградбата на оштетените места од судирите. Во нашата билатерална трговија минатата година соборивме рекорд со 16 милијарди долари, сега оваа бројка да ја зголемиме на 20 милијарди долари.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Турција и САД реализираа заедничка поморска обука во Источниот Медитеран“, информира дека според споделената објава на сметката на Министерството за национална одбрана на социјалната сметка Твитер, со учество на фрегатите ТЏГ Газиантеп и ТЏГ Гемлик на турските поморски сили, како и еден поморски хеликоптер и два борбени авиони Ф-16 и бродот уништувач USS Porter на американските поморски сили, на 3 јануари 2019 година, беше реализирана поморска обука во меѓународните води, во Источниот Медитеран.

„Мошне значајни изјави од министерот Албајрак“ гласи насловот на страниците на весникот „“Хурријет“, каде што се вели дека министерот за трезор и финансии Берат Албајрак во направената проценка во врска со бројките на инфлационата стапка рече: „Заклучно крајот на годината ги исполнивме сите наши поставени цели“.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Соопштени бројките на инфлационата стапка“, пишува дека Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) ја соопшти инфлационата стапка во земјата за месец декември 2018 година. Според тоа, инфлационата стапка во месец декември опадна за 0,40 отсто. Годишната инфлациона стапка пак, изнесува 20,30 отсто.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Развиен домашен уред за утврдување на концерогените супстанции во храната“, им одделува место на изјавите на министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк кој соопшти дека од страна на Инстуитуцијата за научни и технолошки истражувања на Турција (ТУБИТАК) е развиен уред под името „АФЛАМАМ“, за контрола на храна со кој што се тестира дали во увезената храна, односно прехранбените производи од странство постојат канцерогени супстанции.

 



Слични вести