Турски печат 31.12.2018

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1116455
Турски печат 31.12.2018

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Ердоган и Меркел остварија телефонски разговор“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и германската канцеларка Ангела Меркел вчера остварија телефонски разговор. Според објавеното соопштение од кабинетот на претседателот, во телефонскиот разговор освен билатералните односи биле разгледани и прашања посветени на случувањата во Сирија, илегалните миграции кон Европа и борбата против тероризмот. Двајцата лидери постигнале согласност да продолжат да бидат во близок контакт по прашањето на следење на процесот како во однос на резултатите од самитот во Истанбул, така и по одлуката на САД за повлекување од Сирија.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Значајни изјави од министерот за правда Ѓул“, информира дека министерот за правда Абдулхамит Ѓул во однос на екстрадицијата на Фетулах Ѓулен, челникот на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура (ФЕТО/ПДЈ) рече: „Наскоро ќе дојдат во Турција јавни обвинители и функционери од САД. Почнувајќи од наредниот месец станува збор за контакт во рамките на судското потпомагање.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Бројот на мобилни претплатници се доближи до 81 милион“, им одделува место на изјавите на министерот за транспорт и инфраструктура Мехмет Џахит Турхан кој истакна дека бројот на мобилни претплатници во Турција кој што на крајот на минатата година изнесуваше 77,8 милиони, на крајот на третата четвртина од оваа година достигна до 80,6 милиони мобилни претплатници. Министерот Турхан го соопшти “Извештајот за тримесечните податоци за пазарот во секторот на електронска комуникација на Турција“ подготвен од страна на Институцијата за информатички технологии и комуникација (БТК), а во врска со третата четвртина од оваа (2018) година. Министерот Турхан истакна дека перформансот на раст на секторот продолжи и во третата четвртина од годината и дека оваа состојба се одрази и на показателите во овој сектор.

„Џибилтепе: Најомилено место за иранските туристи“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хурријет“, каде што се истакнува дека скијачкиот центар Џибилтепе кој се наоѓа меѓу најзначајните зимски туристички центари на Турција, наидува на голема заинтересираност кај иранските туристи. Скијачкиот центар Џибилтепе со надморска височина од 2.634 метри во близина на населеното место Сарикамиш кај градот Карс, со своите жолти борови шуми, кристалниот снег и долгите скијачки писти е привлечно место за зимскиот туризам. Овде освен тоа што доаѓаат домашни туристи од сите страни на земјата, во последните години почнаа да доаѓаат и голем број ирански туристи кои ужуваат во скијањето во овој зимски центар. 

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „2.700 годишни Фригиски играчки“, пишува дека во Археолошкиот музеј во градот Ќутахја се изложуваат како уникатни предмети три играчки стари приближно 2.700 години кои што биле изработени од печена глина во Фригискиот период. Директорот на музејот Метин Турктузун истакна дека овие фригиски играчки биле пронајдени од страна на граѓаните во населеното место Симав во 1976 година и му биле предадени на музејот. Турктузун напомена дека од Фригијците до денеска успеале да достигнат камени населени места и споменици, гробници, цркви, капели и самовилски оџаци т.ј. конусни форми.

 



Слични вести