Турски печат 26.12.2018

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1113815
Турски печат 26.12.2018

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Изјава за Сирија од Ердоган“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече дека САД кои донесоа одлука за повлекување на своите војници од Сирија го направија она што им припаѓа. Претседателот Ердоган вчера одговараше на прашањата на новинарите и притоа на едно поставено прашање во врска со повлекувањето на американските војници од Сирија рече: „САД го направија она што им припаѓа, меѓутоа изјавата што ја даде претседателот Емануел Макрон во Франција е поразлична. Затоа ние сега гледаме кон изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп и ја продолжуваме нашата соработка со него во овој процес, на здрав начин.“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Чавушоглу: Турција ако вели ќе влезам во Сирија, ќе влезе“, информира дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во врска со одлуката на САД за повлекување од Сирија рече: „Турција ако вели ќе влезам во Сирија, ќе влезе. Процесот на повлекување ќе го координираме со САД.“ Велејќи дека од страна на министрите за надворешни работи и одбрана и на ниво на воени функционери се разговара во однос на тоа како ќе се координира повлекувањето на САД од Сирија и како ќе се спречи да дојде до празнина на теренот, Чавушоглу напомена дека не пристигнало барање од САД за повлекување преку териториите на Турција и рече: „Ако достават такво барање до нас, тое ќе го разгледаме.“  

„Изјава за операција од министерот Акар“ гласи насловот на страниците на весникот „Ватан“, каде што се вели дека министерот за национална одбрана Хулуси Акар вчера во Анкара одговараше на прашањата на новинарите во врска со актуелниот дневен ред. Акар во врска со евентуалната операција во источниот дел на реката Еуфрат во Сирија рече: „Се е испланирано, програмирано. Се се одвива согласно времето.“ На поставеното прашање на еден друг новинар во врска со Патната карта за Менбич која што е постигната со САД, за исчистување на Менбич од окупацијата на ЈПГ/ПКК, и неговото предавање на локалните жители, министерот за национална одбрана Хулуси Акар одговори: „Не постои било каков проблем. Заедно со САД ќе се утврди календар и откако тоа ќе биде утврдено ќе ви биде соопштено вам.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Откритие во Денизли од пред 9 милиони години“, пишува дека во спроведените истражувања во градот Денизли се пронајдени  фосили на 14 различни видови животни за кои се претпоставува дека живееле пред 2 до 9 милиони години. Научниците идната година ќе ги истражуваат трагидите на диносаурусите кои живееле пред 65 милиони години. Професор доктор М. Џихат Алчичек од Инженерскиот факултет за геологија на Универзитетот Памукале, истакна дека за време на спроведените истражувања кои што беа започнати минатата година се откриени нови фосили и рече: „Се надевам дека со овие истражувања ќе се стекнеме со нови податоци во врска со историјата на населување на човекот во Анадолија.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Во Харран излегува на светлината на денот една величествена историја“, информира дека во реализираните археолошки ископувања во 9 вековниот дворец Харран (Кале) во истоименото населено место кај градот Шанлиурфа, се извадени на светлината на денот амам и градби околу него. Професор доктор Мехмет Онал од Катедрата за археологија при Универзитетот Харран под чие водство се водат ископувањата во археолошкиот локалитет Харран, истакна дека пронајдените остатоци во дворецот ја зајакнуваат можноста за пронаоѓање на многу посериозни и позначајни остатоци и податоци. Професорот Онал додаде дека археолошките ископувања на Калето се планира да траат во текот на наредните 10 години.

 



Слични вести