Турски печат 24.12.2018

Еве ги позначајните информации за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1112381
Турски печат 24.12.2018

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган говореше во Арнавутќој“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своето обраќање на церемонијата на свечено ставање во употреба на неколку новоизградени проекти што се одржа вчера во општина Арнавутќој во Истанбул покажа остра реакција против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Ердоган рече: „Нетанјаху, ти затропа на погрешна врата. Ердоган е гласот на угнетените. Ти си гласот на тираните (угнетувачите). Ти спроведуваш државен терор. Ти си суров.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Реакција од Ибрахим Калин и Омер Челик против Нетанјаху“, информира дека портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин покажа реакција против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кој употреби изјави со кои што ја нарече Турција окупатор и изнесе обвинувања во врска со антитерористичките операции на турската армија. Калин рече: „Нетанјаху кој е во неволја поради истрагите во неговата земја се обидува да го оттргне вниманието, но залудно. На никој начин не можат да ги прикријат политиките на Израел на окупација и вршење зулум, и не можат да го замолчат нашиот претседател.“ Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик исто така рече: „Мисли дека со нападите врз нашиот претседател и врз нашата армија ќе ги прикрие вистините.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Воздушни операции на Кандил и Хакурк“, истакнува дека во вчерашните реализирани воздушни операции на областите на планината Кандил и Хакурк во северниот дел на Ирак се неутрализирани 6 мина терористи, кои се подготвувале за напад на пограничните воени бази. Во овие водушни напади беа уништени и пештери и засолништа на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

„Јуначките поморски сили учествуваа во активностите за обука во меѓународните води во Источниот Медитеран“ гласи насловот на страниците на весникот „Стар“, каде што се вели дека во споделената објава на официјалната сметка на Министерството за национална одбрана на Твитер, се нагласува дека една фрегата и еден хеликоптер во сопственост на јуначките поморски сили учествуваа во активностите за обука во меѓународните води, во Источниот Медитеран. Во објавеното соопштение се додава и следното: „Со учество на фрегатата ТЏГ Гиресун и еден поморски хеликоптер во сопственост на нашите поморски сили и бродот ФС Аконит во сопственост на француските поморски сил, на 21 декември 2018 година се реализирани поморски обуки во меѓународните води, во Источниот Медитеран.“ 

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Анталија после 4 години го престигна Истанбул по бројот на странски туристи“, информира дека Анталија која во периодот од 2000 до 2014 година се наоѓаше на прво место меѓу најмногу посетуваните градови на Турција од страна на странските туристи, во 2014 година ова свое лидерство му го отстапи на Истанбул, но оваа година повторно го поврати. Реџеп Јавуз, претседателот на Работната група за туризам на Градскиот совет на Анталија истакна дека според официјални бројки заклучно со крајот на месец октомври оваа година бројот на странските туристи кои ја посетија Анталија изнесува над 12,5 милиони, додека бројот на странските туристи кои го посетија Истанбул изнесува околу 11 милиони 340 илјади.

 



Слични вести