Турски печат 13.12.2018

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1105985
Турски печат 13.12.2018

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Ердоган: Операцијата ќе започне за неколку дена“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој во говорот што го одржа вчера на Самитот на турската одбранбена индустрија, во Конгресниот и културен центар Миллет (Народ) во претседателската палата, во Бештепе, во Анкара истакна дека  за неколку дена ќе биде започнета операција врз терористичките цели во источниот дел на реката Еуфрат, во Сирија. Ердоган рече: „Операцијата источно од Еуфрат ќе започне за неколку дена. Терористите ќе ги протераме оттаму ние, самите ќе ја завршиме оваа работа.“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Расте заинтересираноста кон турскиот јазик во целиот свет“, информира дека претседателот на Институцијата за турски јазик (ТДК) проф. д-р Ѓурер Ѓулсевин истакна дека турскиот јазик веќе е распространет низ целиот свет и со телевизиските серии и дека се зголемува заинтересираноста за учење на турскиот јазик ширум светот. Проф д-р Ѓулсевин напомена дека во голем број места во Централна Азија, на Блискиот исток и на Балканот постои голема заинтересираност кон турските телевизиски серии, а воедно додаде дека по американските филмови, турските серии се наоѓаат на второ место во светот.

„Еве ги двата града кои туристите ги избраа за ноќевање“ гласи насловот на страниците на весникот „Хурријет“, каде што меѓу другото се вели дека од над 133 милиони ноќевања на домашните и странските туристи за 10 месеци од оваа година во објектите за престој со лиценца на Министерството за култура и туризам на Турција, над 66,26 отсто ноќевања се остварени во Анталија и во Истанбул. Според подготвениот извештај од страна на Министерството за култура и туризам и Унијата на туристичките хотели и оператори од средоземноморската област (АКТОБ), странските гости оствариле 89 милиони 108 илјади 184 ноќевања, а домашните гости 43 милиони 954 илјади 237 ноќевања.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Светот ја заслади својата уста со кајсиите од Малатја“, пишува дека од градот Малатја од чија страна се обезбедуваат 85-отсто од потребите од суви кајсии во светот, во периодот јануари-ноември оваа година се продадени 42 илјади 377 тони 143 килограми кајсии на 110 земји, низ целиот свет. Најголем извоз на кајсии е остварен во САД, Франција, Германија, Бразил и Обединетото Кралство, а внимание привлече и тоа што се испратени кајсии дури и на Малдивите и во Танзанија.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Политичкото пријателството помеѓу Ердоган и Мадуро доведе до рекорд во извозот“, информира дека блискоста помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и венецуелскиот претседател Николас Мадуро се одрази позитивно и на бројките на извозот. Така остварениот извоз од Турција за Венецуела во 2018 година со раст од 207 отсто од досегашните 36,7 милиони долари се зголеми на 112,8 милиони долари. Воедно и изборот на Венецуела во увозот беше на страна на Турција.

 



Слични вести