Турски печат 12.12.2018

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1105365
Турски печат 12.12.2018

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Повик од Турција до Европската унија (ЕУ) за Царинската унија“, пишува дека Петтиот состанок на Реформската акциона група се одржа вчера во Анкара со учество на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за правда Абдулхамит Ѓул, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак и министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу. На крајот на состанокот четворицата министри одржаа заедничка прес-конференција. Во усвоената декларација на Реформската акциона група се вели дека „ажурирањето на Царинската унија на Европската унија (ЕУ) и што поскорото започнување на преговорите за членство, ќе бидат и во полза на ЕУ и во полза на Турција“.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Изјава од министерот Чавушоглу за патување без виза“, им одделува место на изјавите на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој истакна дека ги продолжуваат работите за патување на турските граѓани во Европа без виза. Велејќи дека турските граѓани заслужуваат да патуваат во Европа без виза, Чавушоглу рече: „Турција го исполни она што и се паѓа нејзе по прашањето на Договорот за миграцијата. Ги продолжуваме нашите работи во врска со укинувањето на оваа неправедна примена (визната либерализација).“

„Националното вооружено беспилотно летало (СИХА) Акинџи ќе стане вештачка интелигенција“ гласи насловот на страниците на весникот „Стар“, каде што меѓу другото се вели дека претседателот на Управниот одбор на Фондацијата на Турскиот технолошки тим (Т3) и генерален директор на Бајкар Халук Бајрактар, се состана со новинарите и притоа ги информираше во врска со работите кои што се реализираат и проектите кои се ставаат во примена во склопот на Фондацијата (Вакафот). Халук Бајрактар рече: „Развиваме вештачка интелигенција која ќе се користи кај новата генерација вооружено беспилотно летало (СИХА) Акинџи.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Почнаа да се обликуваат трендовите за патување за 2019 година“, пишува дека на првите места во новата туристичка сезона повторно ќе бидат културните патувања т.ј. рути. Затоа познатиот туристички центар Кападокија и во првите месеци од новата година ќе продолжи да е една од рутите без кои што се не може за време на зимските одмори. Оваа област е вистинско места на чудата за зимската сезона. Областа со нејзините специфични и интересни конусни облици наречени „Самовилски оџаци“, станува уште поубава под снежната покривка. Посетителите ќе можат да ги прошетат подземните градови и да бидат дел од оние манифестации на традиционалните рачни уметности. Доколку временските услови се поволни меѓу препораките се и оние да се лета со балон.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Брз раст на раните резервации за Турција“, пишува дека портпаролот на Платформата на тур операторите Џем Полатоглу истакна дека заклучно со 1 декември во рок од 10 дена се продадени 40 отсто од раните резервации и напомена дека затоа туристите треба да побрзат. Полатоглу рече: „25 отсто, 30 отсто од капацитетите на хотелите од одамна се купени од страна на странските тур оператори. Согласно овие податоци предвидуваме дека во 2019 година ќе ја доловиме бројката од 50 милиони туристи.“

 



Слични вести