Турски печат 11.12.2018

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1104477
Турски печат 11.12.2018

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Реакција од Ердоган против западните земји во врска со човековите права“ им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека додека Турција згрижува милиони бегалци, западните земји ги дочекуваат мигрантите со најостри мерки и рече: „Кој е поборник за човекови права? Ние, или тие? Тие не прават ништо друго освен тоа што презентираат дивјаштво.“ Напоменувајќи дека Турција се наоѓа на првите места во доделување на хуманитарна помош, Ердоган рече: „Нашето верување и нашата историја ни велат да бидеме засолниште за угнетените и да ги споделиме нашите можности со нив. Тоа е нашиот поглед како Турција кон прашањето со човековите права.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Брз развој во домашните семиња“ пишува дека министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли истакна дека онаа земја која го храни светот ќе стане и лидер во светот и дека воедно онаа земја која не располага со свое земјоделство личи на куќа без своја кујна. Министерот Пакдемирли кој престојува во посета на главниот град на Азербејџан Баку рече: „Би можеле да располагате со многу напредна технологија, меѓутоа во земјоделството сигурно треба да бидете доволни за самите себе си, во најмала рака треба да бидете доволни за самите себе си во одредени стратешки производи. Министерот Бекир Пакдемирли напомена дека Турција оствари голем напредок во домашните семиња.

„Раст на турската економија во третата четвртина“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Јени Шафак“ каде што меѓу другото се вели дека турската економија во третата четвртина од оваа (2018) година оствари раст од 1,6 насто. Бројките на економскиот раст во првата четвртина од оваа година изнесуваа 7,3 насто, а во втората четврина 5,2 насто. Земјоделскиот сектор и индустријата се оценуваат како поддржувачки елементи во постигнатиот економски раст во третата четвртина. Економисти истакнуваат дека, од друга страна елементите кои го успорија економскиот раст во третата четвртина од оваа година произлегуваат од флуктуирањето на глобалните пазари.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Туркиш Ерлајнс во ноември со процент на пополнетост од 81,4 насто“ информира дека Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс ги соопшти резултатите од бројот на патници и крагото за месец ноември и според тоа во ноември е достигнато до процент на пополнетост од 81,4 насто. Растот во бројот на авиопатници и процентот на пополнетост се значаен показател за тоа дека порастот во побарувачката кон Турција и Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) продолжува и кон крајот на годината.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Последната и најголема визуелна атракција на крајот на годината ќе може да се следи од Турција“ пишува дека метеорскиот дожд Геминид (близнаци) кој што се оценува како последна и најголема визуелна атракција на крајот на годината на 13 и 14 декември ќе го достигне врвот. Оваа визуелна атракција кога некаде околу 100 метеори на час ќе влезат во атмосферата ќе можат да се следат од Турција од 21:00 часот според турско време до наутро и тоа без притоа да постои потреба од било каква опрема за набљудување на оваа природна појава кога ќе биде осветлено и небото.

 



Слични вести