Турски печат 10.12.2018

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1103629
Турски печат 10.12.2018

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Прометот во секторот на цивилното воздухопловство на Турција достигна до 110 милијарди турски лири“, пишува дека прометот во секторот на цивилното воздухопловство во Турција во 2003 година изнесуваше 3 милијарди турски лири (приближно 567 милиони долари), додека денеска достигна дури до 110 милијарди турски лири (приближно 20 милијарди 800 милиони долари). Воздушниот сообраќај во Турција благодарение на економската состојба, технологијата која што напредува и растечката конкуренција постигна три кратен раст, во споредба со просекот во светот. Како резултат на политиките кои што се водат од 2003 година досега, бројот на авиони со кои што располагаат авиокомпаниите се зголеми за 220 отсто, капацитетот на седишта за 254 отсто, капацитетот на каргото за 449 отсто, а бројот на дестинации во земјата и странство, т.ј. домашни и меѓународни дестинации ,достигна до 351.  

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Турската технологија кандидат за воспоставување на безбедноста на САД и Европа“, информира дека новата верзија Умен велосипед за патрола „Ekin Bike Patrol“, инаку дело на турските инженери, пред нејзиното промовирање во САД, е претставена на Саемот за продуктивност и технологија. Умниот велосипед за патрола „Ekin Bike Patrol“ може да идентификува регистарски таблички во движење и да утврдува случаи на непрописно паркирање и движење со поголема брзина од дозволената. Исто така може да ги утврдува сомнителните возила на места каде што не можат да бидат контролирани од страна на фиксните системи и моторните возила. 

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Од Газипаша се извозува во светот“, истакнува дека од населеното место Газипаша во Анталија оваа година за прв пат почна да се извозува авокадо во Русија, Грузија и Украина. Во градините посадени со вкупно 1700 декари авокадо во Газипаша, годишно се добиваат просечно по 850 тони авокадо.

„Голема заинтересираност кон Неделата на турски филмови во Либан“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабертурк“, каде што се вели дека манифестацијата „Недела на турски филмови“ која што се одржува во градот Триполи во Либан, започна со голема заинтересираност. Амбасадорот на Турција во Бејрут Хакан Чакил одржа кус говор пред гостите кои ги информираше во врска со турските филмови. Амбасадорот Чакил особено се осврна на филмот „Ајла“ кој што е едниот од четирите филмови кои што ќе бидат прикажани и притоа им препорача на присутните сигурно да го гледаат филмот „Ајла“ кој што е адаптиран од една вистинска доживеана приказна за време на Корејската војна.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Алжир зафатен од ветрот на турските серии“, информира дека турските телевизиски серии кои во последните години се доста засакани во арапските земји, се следат со голема љубов и во Алжир. Алжирците кои извесно време беа зафатени од ветрот на мексиканските, бразилските и египетските серии, сега на телевизиските екрани ги гледаат турските серии. Во голем број телевизиски канали во Алжир се емитуваат серии како што се „Дирилиш Ертугрул“ (Воскреснување: Ертугрул) и „Сен Анлат Карадениз“ (Раскажи ти Црно Море). Причината поради која толку многу се засакани турските серии пак, се вели дека се должи на нивните квалитетни продукции и извонредните сценарија.

 



Слични вести