Турски печат 03.12.2018

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1099141
Турски печат 03.12.2018

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган одликуван со Државен орден“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој од Аргентина отпатува во официјална посета на Парагвај во историската владина зграда дворецот Лопез во главниот град Асунцион оствари средба лице в лице со парагвајскиот претседател Марио Абдо Бенитез. По средбата претсеадтелот Бенитез го одликува претседателот Ердоган со Државен орден.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Извозот собори рекорд во ноември“, информира дека остварениот извоз од 15,5 милијарди долари во месец ноември претставува „рекорд на месечна база“. Со тоа беше доловена „највисоката бројка за месец ноември“ во реализираниот извоз досега, додека извозот во последните 12 месеци со раст од 7,8 отсто достигна до 168,1 милијарди долари. 

„АСЕЛСАН излезе со 'Зафер-Победа' од пустината“ гласи насловот на страниците на весникот „Сабах“, каде што се вели дека оружјето Сарп-Зафер (што во предвод значи стрмна-победа), едниот од новите системи на оружје развиен од страна на турската компанија за воена електронска индустрија АСЕЛСАН, својот прв испит го положи во Катар. Оружјето „Сарп-Зафер“ беше подложено на интензивни тестирања од страна на воените органи на Катар. Оружјето „Сарп-Зафер“ успешно ги помина теренските тестирања со палба кои што беа реализирани заедно со оклопното борбено возило „Јорук 4х4“ и тоа во пустински услови.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Цвеќињата на Европа од Анталија“, пишува дека од градот Анталија, базата на Турција во производството на цвеќиња, почнаа да се испраќаат цвеќиња во европските земји за прославите на Божиќ и нова година. Секторот на цвеќиња кој работи интензивно по повод наближувањето на Божиќ и нова година извозува свеќиња во 65 земји ширум светот, а поготово во Холандија, Англија и Узбекистан. Од извозот на 60 до 65 милиони цвеќиња се очекуваат приходи во износ од 8 до 10 милиони долари.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Старт со фаќел на Паландоќен“, пишува дека планината Паландоќен кај градот Ерзурум, едниот од познатите светски скијачки центри, и оваа година сезоната ја започна со скијање на осветлените писти со фаќели. На скијачкиот центар Паландоќен за кој што се вели дека има најдолга писта во европа, оваа година се очекува да дојдат еден милион туристи.

 



Слични вести