Турски печат 28.11.2018

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1096376
Турски печат 28.11.2018

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Порака од Ердоган за Источниот Медитеран: Нема да направиме отстапка“ пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа вчера пред пратеничката група на својата владејачка Партија за правда и развој (АК Партијата) рече: „Нема да направиме ни најмала отстапка од нашите тези, ниту во Источниот Медитеран, ниту во другите области.“ Велејќи „Неодговорните однесувања на Грција која зема зад себе некои европски земји  и Кипарско-грчкиот дел кој делува заедно со неја, се дојдени во состојба на извор на закана и опасност пред се против самите нив“, Ердоган рече: „Поради активностите за пребарување на јаглеводороди, во последниот период проблемите во регионот почнаа да стануваат прашање на многу поголеми судири на  интереси.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Критика од Чавушоглу до Франција“ им одделува место на изјавите на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој истакна дека Европа која се обидува да одржува лекција по демократија, останува безгласна пред употребата на насилство против демонстрантите во Франција. Чавушоглу на вчерашната заедничка прес-конференција со словачкиот министер за надворешни работи и министер за европски прашања Мирослав Лајчак, правејќи проценка на протестите во францускиот главен град Париз против поскапувањето на бензинот, рече дека оние земји кои кога ќе дојде до било каков настан во Турција се обидуваат да одржат лекција, тогаш кога ќе дојде до нешто кај нив покажуваат агресивност и употребуваат прекумерна сила, и додаде дека тоа не е правилен приод, туку двоен стандард.

„Голема заинтересираност кон турската одбранбена индустрија во Пакистан“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Сабах“ каде што се вели дека на Меѓународниот саем за одбрана и семинар ИДЕАС што се одржува во Пакистан се покажува голема заинтересираност кон производите на турската одбранбена индустрија. На саемот кој што годинава се одржува по десети пат во градот Карачи, во име на Турција учествуваат 25 фирми на чело со Управата за одбранбена индустрија и Унијата на извозниците за одбранбена индустрија.  

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Излегуваат на светлината на денот гробиштата од римскиот период во Хатај“ пишува дека во населеното место Алтинозу кај градот Хатај, кое располага со минато од илјадници години и било домаќин на голем број цивилизации, во некрополата од римскиот период чиј еден дел се наоѓа под земјата, се започнати ископувања кои што ќе држат светло на историјата. Кајмакамот на Алтинозу Булент Ујгур истакна дека посакуваат да се заживее туристичкиот потенцијал во населеното место. Тој рече дека Алтинозу привлекува внимание со римските гробишта, музејот за маслинки и својата стаклена тераса, црква и џамија, а воедно додаде дека ќе се зголеми неговиот дел од туризмот и со камените гробници.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „За 8 години 6,3 милиони претплатници“ информира дека бројот на претплатници кои добиваат безбедна интернет услуга која што почна да се доставува во 2011 година од страна на Институцијата за информатички технологии и комуникација (БТК) се зголеми на 6,3 милиони. Со оваа услуга се преземаат мерки на интернет против содржински материјали кои предизвикуваат ризик за децата и содржат сексуална злоупотреба, непристојност, проституција, користење на дрога и опојни средства, терор, расизам, злосторство од омраза и сајбер-напади.

 



Слични вести