Турски печат 27.11.2018

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1095626
Турски печат 27.11.2018

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Повик од Чавушоглу до Русија и Украина“ пишува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу упати повик за здрав разум до Русија и Украина кои дојдоа една наспроти друга во Црното Море. Мевлут Чавушоглу по одржаната заедничка прес-конференција со словачкиот министер за надворешни работи и министер за европски прашања Мирослав Лајчак во Истанбул, одговараше на прашањата на новинарите посветени на актуелниот дневен ред. На едно поставено прашање во врска со случувањата помеѓу Русија и Украина, Чавушоглу упати повик за воздржаност до двете земји и рече: „Овој процес го следиме одблизу. Пред се би сакал да упатам повик и до Украина и до Русија да се однесуваат со здрав разум во овој процес. Секако продолжуваат статусот на Крим и дискусиите во однос на некои прашања, постојат проблеми кои што не се решени. Постојат и и неизвесности меѓутоа од друга страна решението на овие проблеми би можело да одземе време.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Во последната една недела се неутрализирани 18 терористи“ информира дека според соопштението од Министерството за внатрешни работи во рамките на операциите за воспоставување на внатрешната безбедност во последната една недела се неутрализирани 18 терористи. Во соопштението се вели дека во периодот од 19 до 26 ноември се реализирани 2.680 операции и се неутрализирани 18 терористи. Во операциите се притворени 212 лица за поврзаност со сепаратистичко-терористичката организација ПКК, 585 лица за поврзаност со Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО, 31 лице со терористичката организација ДЕАШ и 38 лица за кои се мисли дека се поврзани со левичарски терористички организации.

„Пораст на индексите на доверба во секторите“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хурријет“ каде што се истакнува дека индексот на доверба во секторот на услуги во месец ноември оваа година оствари раст од 5,4 отсто, а индексот на доверба во секторот на трговија на мало раст од 4,3 отсто. Турскиот завод за статистика (ТУИК) ги објави индексите на доверба во секторите за месец ноември и според тоа индексот на доверба кај сезонско прилагодениот сектор на услуги во месец септември изнесуваше 75,7 отсто, додека овој месец (ноември) со раст од 5,4 отсто се зголеми на 79,8 отсто. Воедно и индексот на доверба кај сезонско прилагодениот сектор на трговија на мало во месец ноември со раст од 4,3 отсто се искачи на 90,7 отсто.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Донмез: Никако нема да застанеме се додека не најдеме нафта или природен гас“ информира дека мнинистерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез истакна дека по првото длабоко поморско дупчење со бродот Фатих ќе започне и плиткото поморско дупчење кај Мерсин во Средозменото Море. Во говорот што го одржа на церемонијата на започнување со плиткото поморско дупчење кај Мерсин, министерот Донмез рече: „Меѓу просторите за кои што имаме дозвола во Средоземното Море најпрвин ќе ископаме две места за плитко поморско пребарување. По овие наши ископани места кои што се планирани целосно од страна на наши турски инженери, без оглед на резултатот од сето тоа ќе проодлжиме со дупчење. Нема да застанеме се додека не најдеме нафта или природен гас во ископаните места.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Судија на мечот Тотенхем-Интер, Џунејт Чакир“ пишува дека турскиот судија на ФИФА Џунејт Чакир ќе го води натпреварот помеѓу Тотенхем и Интер во групата „Б“ во Лигата на шампионите на УЕФА кој што ќе се одигра утре вечер (28 ноември, среда). Натпреварот ќе се одигра на стадионот Вембли и ќе започне во 23:00 часот според турско време. Помошници на судијата Џунејт Чакир ќе бидат Бахаттин Дуран и Тарик Онгун. Четврти судија ќе биде Мустафа Емре Ејисој, а дополнителни помошници судии ќе бидат Хусејин Ѓочек и Бариш Шимшек.

 



Слични вести