Турски печат 26.11.2018

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1094853
Турски печат 26.11.2018

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Истоварување во Пакистан по извозот на МИЛГЕМ и Атак“ пишува дека по склучените договори оваа година за извоз на МИЛГЕМ и хеликоптерот Атак турската одбранбена индустрија ќе реализира силно учество на Саемот за одбранбена индустрија што ќе се одржи во Пакистан. На Меѓународниот саем за одбрана и семинар ИДЕАС што ќе се одржи по 100-ти пат од 27 до 30 ноември во пакистанскиот град Карачи, ќе учествуваат претставници за одбранбена индустрија и официјални делегации на високо ниво од голем број земји ширум светот.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Засилување со 'оклоп' за безбедносните сили“ информира дека во рамките проектите кои што ги води Управата за одбранбена индустрија со цел намирање на потребите на безбедносните сили, е реализирана првата испорака на возилата Кирпи 2 произведени од страна на фирмата БМЏ. Возилата Кирпи 2 освен за безбеден и брз транспорт на персонал, оружје, муниција и други маетријали за снабдување, се намирени  и за превоз на персонал во борбата против терористите каде што постои голема закана од мини и експлозивни направи од рачна изработка, како и за поддршка на мирот и за време на задачи во пограничните области.  

„Турските макарон се извозуваат во 154 земји“ гласи насловот на страниците на весникот „Јени Шафак“ каде што меѓу другото се вели дека Абдулкадир Ќулахчиоглу, претседателот на Управниот одбор на Здружението на индустријалците за макарони на Турција, истакна дека Турција извозува макарони во 154 земји и рече: „Нашиот извоз на макарони во 2016 година изнесуваше 831 илјада тони, додека мината година се зголеми на 1 милион 55 илјади тони. Оваа година пак, предвидуваме да ја завршиме со 1 милион 200 илјади тони.“ Ќулахчиоглу привлече внимание дека доста големи количини макарони трошат особено африканските земји и дека 68 отсто од извозот се реализира во овој континент.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „За прв пат во Турција! И се регистрира“ пишува дека е регистрирано „змеј овошјето“ кое што пред три години беше посадено во населеното место Газипаша кај градот Анталија и потоа за кусо време стана производ од кој што почнаа да се обезбедуваат животните потреби. „Змеј овошјето“ како прво регистрирано тропско овошје на Турција се конзумира како сок, од него се прави џаџик, салата и може да се јаде како овошје. 

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Главниот град на термалниот туризам Афјонкарахисар наидува на голема заинтересираност дома и од странство“ информира дека Афјонкарахисар кој е во позиција на еден од центрите за термален туризам на Турција, привлекува голема заинтересираност дома и од странство особено во зимската сезона.  Во Афјонкарахисар кој е познат по неговите термални води богати со минерали има термални базени со топлина на водата од 42 степени и се посетува и во лето и во зима. Домашните и странските туристи кои престојуваат во големиот број туристички објекти меѓу кои има и хотели со пет ѕвездички, и го поминуваат својот одмор и наоѓаат можност за лекување од различни болести.

 



Слични вести