Турски печат 19.11.2018

Еве ги позначајните вести за кои што известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1090468
Турски печат 19.11.2018

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Министерот за надворешни работи Чавушоглу во САД“ пишува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу отпатува за САД каде што во седиштето на Обединетите нации (ОН) во Њујорк ќе учествува на 8-от Глобален форум на Алијансата на цивилизациите. Мевлут Чавушоглу истакна дека на 20 ноември (утре) во Вашингтон ќе се состане со американскиот државен секретар Мајк Помпео со кого како што рече ќе направат проценка на односите помеѓу Турција и САД.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Критична средба од министерот Акар“ информира дека министерот за национална одбрана Хулуси Акар во канадскиот град Халифакс каде што отпатува по повод Меѓународниот форум за безбедност се состана со началникот на Здружениот генералштаб на Вооружените сили на САД генерал Џозеф Данфорд. Министерот Акар во врска со оваа критична средба рече: „Повторно го истакнавме тоа дека не е соодветна соработката на американските војници со припадниците на терористичката ЈПГ која нема никаква разлика од сепаратистичко-терористичката организација ПКК, дека тоа крајно многу не вознемирува и дека што поскоро треба да се прекинат овие односи. Изнесувајќи ги нашите предупредување во однос на тоа да не дојде до повторување на овие неприфатливи слики, ги истакнавме нашите очекувања од нив.“

„Флеш изјава од Русија за Турција! Ќе собориме рекорд“ гласи насловот на веста на страниците на весниот „Ватан“ каде што меѓу другото се вели дека рускиот министер за енергија Александар Новак изнесе флеш изјава во врска со економските односи помеѓу Русија и Турција. Велејќи „Проектите како што е Турски тек ќе ја сочинуваат основата на нашата економска соработка“, Новак ја сподели и следната информација: „Оваа година веројатно ќе собориме рекорд во бројот на руските туристи кои ја посетија Турција.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Изум како револуција од турскиот невролог“ информира дека турскиот невролог доктор Али Ертурк кој продолжува да ги води своите лабароториски истражувања на Универзитетот Лудвиг Максимилијан во Минхен во Германија со патентираниот метод кој што го нарече „ДИСКО транспарентност“ т.ј. „DISCO Transparency“ успеа телото на глушец да го направи транспарентно и цврсто колку пластика. Како што се истакнува, со помош на овој метод ќе можат да се реализираат подетални испитувања под миркоскоп на болести како што се деменција, парализа, шеќерна болест или дијабетес и рак т.ј. канцер. Турскиот невролог доктор Али Ертурк својот труд го презентираше на состанокот на Здружението на невролози во градот Сан Диего во САД. Оваа технологија која што го прочу својот глас беше објавена во голем број научни списанија на чело со авторитетното списание „Натура“.

„Историски успех од Џан Онџу“ гласи насловот на страниците на весникот „Хабертурк“ каде што се вели дека турскиот тркач Џан Онџу фрли потпис на историски успех. 15-годишниот спортист се искачи на врвот на Гран прито на Валенсија, последната етапа на Мото 3 и успеа да стане најмладиот тркач кој победи на една трка во категориите на Мото ГП. Џан Онџу трката ја започна на четвртата позиција по што во наредните делови ја презеде контролата и се искачи на лидерската позиција со што ја освои првата шампионска титула во Мото 3 во својата кариера.

 



Слични вести