Турски печат 14.11.2018

Еве ги позначајните вести за кои што известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1087491
Турски печат 14.11.2018

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Фуат Октај соопшти: Турција се повлече“ пишува дека потпретседателот Фуат Октај вчера соопшти дека Турција се повлекува од меѓународната конференција за Либија што се одржа во Италија. Фуат Октај во градот Палермо каде што се одржа конференцијата во дадената изјава за претставниците на печатот рече: „ „За жал меѓународната заедница утрово не можеше да се сплоти. Со нарачка во последната минута некои злоупотребувајќи го италијанското домаќинство извршија еднострана интервенција на процесот. Се додека продолжат активностите на некои земји за осакатување (попречување) на процесот во правец на сопствените интереси не може да се воспостави стабилноста во Либија.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Од Аеродромот Истанбул летаа 15 илјади лица“ информира дека Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс), од аеродромот Истанбул кој што ги започна своите летови од 31 октомври досега превезе 15 илјади патници, додека до крајот на годината 43 илјади лица имаат резервирано авионски билети.

„Турскиот мед најмногу и е продаден на Германија“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хурријет“ каде што се вели дека Турција во периодот од 10 месеци од оваа година реализира извоз на мед во износ од 21 милион 785 илјади 623 долари. На прво место според количината на медот што Турција го извезе се наоѓа Германија на која и беа продадени 2.207 тони мед. Од реализираниот извоз на мед во оваа земја беа заработени 10 милиони 116 илјади 939 долари. Во истиот период од 10 месеци за САД беше извезен мед во износ од 5 милиони 36 илјади 125 долари, за Шпанија 1 милион 324 илјади 16 долари, а за Саудиска Арабија 1 милион 280 илјади 415 долари.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Турција стана врата за обезбедување работа за 97 илјади странци“ информира дека од страна на министерството за семејство, труд и социјални услуги во периодот јануари-октомври оваа година, им беа издадени дозволи за работа на 97 илјади странски државјани. Меѓу нив најмногу дозволи за работа им се издадени на лица со сириско, грузиско, киргиско, украинско, кинеско и туркменистанско државјанство. Турција стана врата за обезбедување работа за луѓе од сите четири страни на светот од Финска до Мексико, од Јапонија до Бразил, од Естонија до Перу и голем број други земји. Во наведениот период јануари-октомври, во Турција беа поднесени барања за дозволи за работа од страна на граѓани од 165 различни земји. 

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Бешикташ извојува лесна победа“ пишува дека женската одбојкарска екипа на Бешикташ на првиот натпревар од второто елиминационо коло во Челенџ купот извојува лесна победа во гости против претставникот на Косово Кастриоти со резултат од 3:0 во сетови. Реваншот на мечот ќе се одигра на 15 ноември во четврток (утре) во салата за одбојка Бурхан Фелек во Истанбул. 

 



Слични вести