Турски печат 12.11.2018

Еве ги позначајните вести за кои што известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1085961
Турски печат 12.11.2018

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Турција продолжува да е во услуга на мирот и стабилноста“ пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Париз на одбележувањето на 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна истакна дека Турција продолжува да е во услуга на мирот и стабилноста. Претседателот Ердоган во својата статија за францускиот весник „Ле Фигаро“ напиша дека со одбележувањето на 100-годишнината од крајот на Првата светска војна, во Париз, ќе треба да се извлечат потребните лекции од војната.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Бројот на патници на аеродромите во Истанбул  зголемен за 6,5 милини лица“ информира дека во периодот од 10 месеци од оваа година бројот на патници на сите аеродроми во Истанбул во споредба со истиот десет месечен период минатата година, е зголемен за точно  6 милиони 565 илјади 599 лица. Од аеродромите во Истанбул во периодот од 10 месеци оваа година се остварени вкупно 587 илјади 634 летови, додека во истиот период минатата година на домашните и меѓународните линии беа реализирани 571 илјади 639 летови.

„Во пристаништето на Кушадаси оваа година се укотвија 152 бродови за крстарење“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабертурк“ каде што меѓу другото се вели дека во пристаништето на познатото туристичко одморалиште Кушадаси „Еге Порт“, оваа година со 152 бродови за крстарење допатуваа 122 илјади 321 странски гости. Посетителите кои дојдоа во пристаништетот „Еге порт“ кое инаку е пристаниште во кое се укотвуваат најголем број бродови за крстарење во Турција, освен ова познато турстичко одморалиште ги посетија и античкиот град Ефес во Селчук и куќата на Мајка Богородица.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „маслинките од Африн се отвораат кон светот“ информира дека со реализацијата на операцијата Маслиново гранче со која што беше воспоставено спокојство во подрачјето на Африн во Сирија, оваа позитивна атмосфера почна да се одразува и на економијата во ова подрачје. Така со посредство на Кооперацијата за земјоделство и кредит на Турција ќе почнат да се извозуваат познатите маслинки и маслиновото масло на Африн. Во рамките на оваа соработка производите на земјоделците од Африн ќе го заземат своето место на светските трпези.

„Величествената Троја“ гласи насловот на страниците на весникот „Сабах“ каде што се истакнува дека операта „Троја“ која е едната од најпретенциозните дела на Државната опера и балет во новата сезона, со одржување на својата светска премиера имаше извонреден настап пред љубителите на уметноста. Светската премиерта на операта „Троја“ се одржа во Анкара, а ова извонредно дело ќе биде прикажано и во главниот град на Германија Берлин и главниот град на Русија Москва. 
 



Слични вести