Турски печат 06.11.2018

Еве ги позначајните вести за кои што известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1082275
Турски печат 06.11.2018

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Пораки од претседателот Ердоган“  им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека единствената земја во светот која ги згрижува сите свои граѓани под покривот на општото здравствено осигурување е Турција. Во говорот што го одржа вчера на свеченото отворање на едно училиште за деца со посебни потреби во Истанбул претседателот Ердоган рече: „Единствената земја која ги згрижува сите свои граѓани под покривот на општото здравствено осигурување сме ние. Тоа се однесува и на САД. Тие се уште не ја реализираа реформата во здравството.“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Чавушоглу во Јапонија“ информира дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во главниот град на Јапонија, Токио говореше на семинарот на тема „Турската надворешна политика и актуелните случувања на Блискиот исток“, во организацијана Институтот за Блискоисточни истражувања. Притоа велејќи „Процесот во Сирија не напредува онака како што треба. Проблемите кои што се причина за кризата продолжуваат да содржат голем број проблеми за регионот и пошироко“, Чавушоглу истакна дека Турција заедно со чекорите кои што ги фрла на теренот во Сирија, Таа воедно работи во блиска соработка со другите актери за подготвување и на уставот на оваа земја.  

„Анка, ќе биде претставена на саемот што ќе се одржи во Индонезија“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Стар“ каде што меѓу другото се вели дека Турската воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) ќе учествува на саем во Индонезија. Според објавеното соопштение од ТУСАШ, компанијата ќе учествува на саемот „Indo Defence“ што ќе се одржи од 7 до 10 ноември во главниот град на Индонезија, Џакарта. Турската воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) која претходно оствари разговори во Индонезија на овој саем ќе ја презентира и симулираната макета на беспилотното летало ИХА „Анка“, дизајнирано и произведено од страна на турските инженери. 

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Јајцето оди кон рекорд“ пишува дека извозот на јајца во периодот од 10 месеци од оваа година во споредба со истиот период минатата година со остварен раст од 18 отсто се зголеми на 354 милиони долари. Во објавеното соопштение од Централната унија на производителите на јајца (ЈУМ-БИР) беше истакнато дека извозот на секторот на крајот на годината ќе достигне до 425 милиони долари и ќе биде соборен рекордот во последните 10 години. 

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Бројот на туристите кои дојдоа во Анталија изнесува над 15, 5 милиони“ информира дека бројот на туристите кои допатуваа во Анталија во периодот од 1 јануари до 31 октомври, за 10 месеци оваа година, споредено со истиот период минатата година со раст од 28 отсто се зголеми на 12 милиони 531 илјада лица. Оваа година градот го посетија 4 милиони 624 илјади руски туристи, додека втора земја која испрати најголем број туристи по Русија е Германија од каде што за 10 месеци, оваа година, дојдоа вкупно 2 милиони 198 илјади туристи. На третото место пак се наоѓа Украина.

 



Слични вести