Турски печат 09.10.2018

Еве ги позначајните вести за кои што известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1065009
Турски печат 09.10.2018

Весникот „Стар“ во веста од наслов „Со транспарентниот оклоп ќе биде отворена епоха во одбранбената индустрија во износ од 560 милиони долари“ пишува дека Ети Алуминиум, едната од неколкуте интегрирани постројки во светот кои што можат да произведуваат од руда до краен готов производ, почна да произведува во Турција транспарентен оклоп, којшто инаку може да се произведува само во земјите како што се САД, Кина, Германија и Унгарија. Овој успех на турските инженери ќе претставува решение за недостатокот од специјален алуминиум  кој што се употребува кај воените бродови, авионите, оклопните возила и ракетите.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Инвестиција од 100 милиони долари во Турција“ информира дека шведска компанија која делува во производството на челични отвори и мостови, целокупното производство од 100 милиони долари кое што има за цел да го реализира на пазарите на Турција, Блискиот исток и во Северна Африка, ќе го реализира во Турција. Шведската компанија „ViaCon“ која над 30 години делува во Европа и производува во близу 10 земји, ја избра за регионален центар Турција од каде што ќе управува со приближно 50 земји во светот.

„Значаен придонес за економијата на Трабзон од арапските туристи“ гласи насловот на страниците на весникот „Јени Шафак“ каде што се вели дека во реализираното анкетно истражување од страна на Трговската и индустриска комора на Трабзон (ТТСО) е установено дека просечниот престој на туристите кои доаѓаат од Заливските земји изнесува 7,6 дена и дека сумата пари што ја трошат по лице изнесува 2.340 долари. Од страна на надлежните на Трговската и индустриската комора на Трабзон (ТТСО) во терминалот за меѓународни линии на аеродромот во Трабзон, е реалиизрано анкетно истражување за степенот на задоволство кај посетителите. На крајот на ова анкетирање 81,5 насто од туристите истакнале дека се многу задоволни, 16,9 насто дека се задоволни, а 1,6 насто дека се средно задоволни. Не постои арапски турист кој не е задоволен од посетата на Трабзон.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Миленичката на светските ѕвезди 'Cloudbreak' во Бодрум“ информира дека мега јахтата „Cloudbreak“ која инаку е миленичка на голем број светски познати ѕвезди како Џенифер Лопез, Хајди Клум и Џулија Робертс се укотви во познатото туристичко одморалиште Бодрум, туристичкиот рај на градот Мугла.  Хеликоптерот кој што често полета од јахтата леташе над населеното место. Како што се дознава еднонеделното изнајмување на јахтата изнесува 1 милион 100 илјади долари. Во оваа ултра луксузна јахта „Cloudbreak“ која се наоѓа меѓу 10-те најскапи јахти во светот, има базен, сауна, соба за масажа, кино сала и спортска сала. Како што се наведува цената на оваа јахта во којашто во исто време можат да престојуваат 40 лица, изнесува некаде околу 200 милиони долари. Не е познато колку денови ќе остане во Бодрум оваа ултра луксузна јахта која плови под знамето на Кајманските острови.

Весникот „Хабер Турк“ во веста под наслов „По Баерн уште една заинтересирана екипа за Џенгиз Ундер“ пишува дека се изнесува тврдење во врска со турскиот фудбалски репрезентативец Џенгиз Ундер кој во моментов игра за италијански Рома. Италијанскиот печат изминативе денови напиша дека за Џенгиз Ундер стапи во акција гигантската екипа во германската Бундеслига Баерн Минхен. Според веста на еден друг италијански весник „Кориоера Дела Сера“ пак, за 21-но годишниот Џенгиз Ундер се заинтересирани и Баерн Минхен и Борусија Дортмунд. Во веста се истакнува дека италијанската фудбалска екипа во „Серија А“ Рома, за турскиот репрезентативец Џенгиз Ундер бара најмалку 60 милиони евра.

 



Слични вести