Турски печат 02.10.2018

Еве ги позначајните вести за кои што известуваат весниците во своите денешни изданијка овде во Турција...

1060496
Турски печат 02.10.2018

Весникот „Сабах во веста под наслов „Воздушна операција од Турските вооружени сили на северот на Ирак: Неутрализирани се четворица терористи“ пишува дека во објавеното соопштение од Генералштабот се истакнува дека вчера беше реализирана воздушна операција на областа Гара во северниот дел на Ирак и дека според првичните испитувања по операцијата, беа неутрализирани четворица вооружени терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК. 

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов; „Голем гест од познатиот историчар Илбер Ортајли“ информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го прими во претседателската палата познатиот историчар проф. д-р Илбер Ортајли. Според добиени информации од извори од кабинетот на претседателот, Олбер Ортајли за време на приемот во Бештепе ја подарил својата лична библиотека на библиотеката на претседателската палата. Претседателот Ердоган пак му се заблагодари на Ортајли за овој подарок на библиотеката на претседателската палата која има за цел да стане најголемата библиотека на Турција. Познатиот историчар, академик и автор проф. д-р Илбер Ортајли во 2017 година беше награден со претседателска награда за култура и уметност во сферата на историјата.

„Рекорд од руски туристи во Анталја“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“ каде што се вели дека познатиот туристички центар Анталја кој оваа година едно по друго собори низа рекорди во туризмот, заклучно со месец септември дочека 11 милиони 117 илјади 460 туристи со што постигна уште еден нов рекорд. Во Анталија внимание привлекува порастот во бројот на руските и англиските туристи каде што во првите 9 месеци од годинава пристигнаа 4 милиони 134 илјади 102 руски и 531 илјада 89 англиски туристи.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Подводното опружје на АСЕЛСАН 'Торк' успешно ги заврши поморските тестирања“  информира дека Турската компанија за Воена електронска индустрија (АСЕЛСАН) со сигурни чекори ги продолжува своите активности по прашањето на торпедото „Hard-Kill Torpido“ (одбранбено торпедо против торпедо) на кое работат ограничен број земји во светот и кое се очекува во блиска иднина да стане од најзначајните подводни оружја. Компанијата, во рамките на работите кои што ги води со поддршка на Установата за научно-технолошки истражувања (ТУБИТАК) за кусо време го произведе прототипот на торпедото  „одбранбено торпедо против торпедо“ и ги започна тестирањата на ова подводно оружје. Торпедото „Торк“ успешно ги помина поморските тестирања кои беа реализирани со сонарен пребарувач кој инаку е развиен за прв пат во Турција.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „На списокот на 100-те Турци кои и придале тек на медицинската наука, на првото место е Азиз Санџар“ пишува дека Универизтетот Хаџеттепе во Анкара со своите 46 научни работници го запиша своето име во истражувањето „100 Турци кои и придале тек на медицинската наука“ со што го удри својот белег во медицинската наука во светот. Според резултатите од истражувањето „100 Турци кои и придале тек на медицинската наука“ реализирано од страна на „Turkishtime"“, на првото место на подготвениот список се наоѓа проф. д-р Азиз Санџар, добитникот на Нобеловата награда за хемија.
 



Слични вести