Турски печат 27.09.2018

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1057700
Турски печат 27.09.2018

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Ердоган: Сакаме Германија да ја признае за терористичка Фетулахистичката терористичката организација ФЕТО“ пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган пред неговата тридневна посета која што почнува денеска напиша статија за германскиот печат. Притоа Ердоган нагласи дека Турција очекува Германија да ја поддржува борбата што ја води против ПКК и ФЕТО и бара да ја признае за терористичка Фетулахистичката терористичката организација ФЕТО. Претседателот Ердоган укажа на тоа дека Турција и Германија треба да работат заедно за спречување на евентуалната трговска војна, а воедно ја изнесе и констатацијата дека „Неодговорните политики на САД го водат светот кон непромислена трговска војна“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Благодарност од Европската унија (ЕУ) до Турција за Идлиб“ информира дека високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини во своето уводно излагање на отворањето на седницата на тема „Состанок за сириската криза под домаќинство на ЕУ“ што се одржа во рамките на седниците на 73-тото заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк, истакна дека благодарение на компромисот од Сочи за зачувување на  прекинот на огнот во подрачјето на градот Идлиб во Сирија, е спречен еден нов масакр и притоа им се заблагодари на Турција и Русија.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Турција ќе формира меѓународна рударска компанија“ им одделува место на изјавите на заменик-министерот за енергија и природни ресурси Митхат Џансиз кој истакна дека за водење на активности за пребарување на руди и стопанисување со руди во странство, ќе се формира нова компанија. Велејќи дека се има за цел да се стане влијателен актер на глобалниот пазар во рударството и да се обезбедува безбедно снабдување на Турција со суровини, заменик-министерот Џансиз напомена дека во правец на таа цел се започнати работите за формирање на нова компанија која ќе ги води активностите за пребарување на руди и стопанисување со руди во странство.

„Кадиќој, меѓу квартовите во светот кои што треба сигурно да се посетат“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Сабах“ каде што се вели дека англиското списание за патување и туризам „Time Out“ ги рангира 50-те квартови во светот кои што треба сигурно да се посетат. Списанието подготви список во кој што им одделува место и на погледите на своите вработени и на анкета во која учествуваа 15 илјади лица-испитаници. Критериум кој што е утврден за подготвување на овој список е додека се шета по тој кварт човек да не се чувствува како турист и да може да делува слободно како мештанин. Така во овој список се најде и квартот Кадиќој на брегот на Мраморното Море, на азискиот дел на Истанбул. Во соопштението се нагласува дека квартот Кадиќој со своите стотици кафетерии, ресторани, дизајн студии и продавници, е кварт кој што треба да се посети од страна на оние кои Истанбул сакаат да го видат во една помирна и тивка атмосфера.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Најстарата градба и светилиште во светот е во Турција“ пишува дека Ѓобеклитепе кое што се наоѓа во границите на округот на градот Шанлиурфа и чија историја се протега до пред 12 илјади години, во последно време се наоѓа на дневниот ред на светот. Просторот кој што е првото изградено светилиште стана причина повторно да се напише и историјата на човештвото. Областа каде што била изградена најстарата населба за која што се знае, му е придадена и на туризмот. Ѓобеклитепе оваа година од страна на Организацијата на ОН за образование, наука и култура УНЕСКО беше внесен во списокот на Светското наследство. Ако се земе во предвид големината на археолошкиот локалитет, се предвидува ископувањата во областа да траат 150 години.

 

 



Слични вести