Турски печат

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1055326
Турски печат

Весникот „Хурријет“  во веста под наслов „Министерството соопшти: Работите се завршени“ пишува дека Турција ги заврши правните постапки за отворање на своја амбасада во главниот град на Парагвај Асумцион и дека за свој амбасадор во оваа земја ја назначи Армаган Инџи Ерсој. Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни рабити се вели следното: „Во тие рамки министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на маргините на 73-тото заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк се состана со парагвајскиот министер за надворешни работи Луис Алберто Кастиљони, На средбата беше потврдена обостраната политичка волја по прашањето на развојот на односите помеѓу Турција и Парагвај.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Хуркуш брои денови за испорака“ информира дека првата испорака на новата генерација авион за воена обука од домашно и национално производство Хуркуш кој е развиен од страна на Турската воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ), а со цел да се одговори на потребите за обука на Командата на воздухопловните сили на Турција, се планира да се оствари во месец ноември.  Се предвидува во првата половина на 2019 година на воздухопловните сили да им бидат предадени вкупно 15 авиони Хуркуш.

„Големата награда за турските инженери“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Стар“ каде што се вели дека новото влечно возило на Форд Тракс F-MAX развиено од страна на турски инженери ја доби наградата меѓународен камион на годината што претставува најголема награда на Меѓународниот саем за комерцијални возила Хановер 2018, во Германија. Претседателот на Управниот одбор на Форд Отосан и потпретседателот на Управниот одбор на Холдингот Коч Али Ј. Коч рече: „Со F-MAX ќе отвориме нови патишта во извозот и ќе обезбедиме поголем придонес за економијата на нашата земја.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Нови дестинации со новата економска програма“ истакнува дека потрагата на Турција по нови алтернативни дестинации во туризмот влезе и во новата економска програма. Според тоа, за земјите од Далечниот исток на чело со Кина, Индија и Јапонија ќе се развијат нови проекти. Оваа цел ќе го зајакне уште повеќе имиџот на Турција на пазарите. Претседателот на Управниот одбор на Асоцијацијата на турските туристички агенции ТУРСАБ Фируз Багликаја истакна дека со новата економска програма е поставена мисија пред туристичките работници и дека ќе се водат напори за да се одговори на оваа мисија. 

Весникот „Хабер Турк“ во веста под наслов „Доаѓаат три нови мирни градови“ информира дека населените места Ќојџегиз кај градот Мугла, Ахлат кај градот Битлис и Кемалије кај градот Ерзинџан стануваат мирни градови. Во италијанскиот град Торино се одржа состанокот на Координациониот совет на мирни градови (Cittaslow). Заменикот претседател на Cittaslow, координатор на Cittaslow за Турција и воедно градоначалник на Сеферихисар Тунч Сојер истакна дека до советот биле доставени досиејата за кандидирање на Ќојџегиз, Ахлат и Кемалије за приклучување кон мрежата на мирни градови (Cittaslow) на Турција.



Слични вести