Турски печат 18.09.2108

Еве ги позначајните вести за кои што известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1051591
Турски печат 18.09.2108

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Ердоган и Путин се договорија за формирање демилитаризирана зона во Идлиб“ пишува дека Турција и Русија постигнаа согласност по прашањето на формирање демилитаризирана зона во подрачјето на градот Идлиб во Сирија. Турција и Русија ќе реализираат координирани патролирања на двете страни на определената демилитаризирана зона.  Опозиционерите ќе продолжат да се наоѓаат на своите места. Ќе се спречи радикалните групи да делуваат во подрачјето. Русија ќе ги преземе потребните мерки за да не бидат реализирани напади на областа на деескалација во Идлиб. Со потопишаниот меморандум за разбирање помеѓу Турција и Русија е спречено да се доживеа голема човечка криза во Идлиб.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Русија нема да реализира воена операција на подрачјето на Идлиб“ им одделува место на изјавите на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу кој истакна дека нема да се реализира воена операција на подрачјето на градот Идлиб во Сирија. Во врска со ситуацијата во Идлиб Шојгу рече: „Нема да се реализира воена операција на Идлиб. Деталите во врска со прашањето во наредните часови ќе се координираат со сириската страна.“   

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Трациционалните вкусеви на Адана ќе бидат претставени пред светот“ пишува дека од 12 до 14 октомври ќе се одржи Фестивал на вкусеви каде што ќе бидат презентирани традиционалните вкусеви на градот Адана. На фестивалот на кој што со локални готвачи-шефови на преден план ќе бидат истакнати локални кулинарски специјалитети и традиционални вкусеви на Адана ќе бидат промовирани повеќе од 200 специјалитети. На фетивалот се поканети и светски познати готвачи-шефови. Фестивалот ќе се одржи под покровителство на Министерството за култура и туризам и ќе биде отворен со специјално “гастро шоу“ со кое светски познатиот шеф-готвач Александре Дионисио'нунер награден со две Мишелин ѕвезди, ќе го подготви традиционалниот специјалитет Адана ќебап. На фестивалот ќе бидат приредени и други гастро шоу претстави и манифестации со вкусување на специјалитети од сирења и маслиново масло, а исто така ќе се одржат и различни панел дискусии. 

„Избрани најдобрите улични вкусеви во светот; Во списокот се наоѓа и Истанбул“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабер Турк“ каде што се вели дека американската информативна куќа СНН ги соопшти местата и познатите кулинарски специјалитети на најдобрите улични продавачи на јадења во светот. Во списокот со улични вкусеви кои будат заинтересираност и по поволната цена и од аспект на афирмацијата на земјата, од Турција е внесен и Истанбул. Како најпознат уличен вкус од Турција е прикажан симитот, а се говори и за дурумот и лахмаџунот. Уличните вкусеви на Истанбул се појаснуваат со следните зборови: „Лахмаџунот, како турска пица, се појавува пред нас како вкус кој што најадува во секое време. Освен тоа турскиот сладолед и тоа особено со антепски фистак секаде се принесува како крајно задоволувачки вкус.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Одговор како шлаканица на провокативното прашање за Турција од водителот на американски CNBC“ информира дека од Жан Ламиер, претседателот на Управниот одбор на BNP Paribas беше гостин во програмата на американскиот економски ТВ канал CNBC пристигна одговор како шлаканица на провокативниот одговор на водителот, во врска со турската економија. Водителот до Ламиер го постави прашањето „дали мислите да се повлечете од Турција?“, а тој пак реагираше со следните зборови: „Турција е извонредна земја која е вредна-работлива, реализира извоз и ги пребродува тешкотиите. Зошто да се повлечеме? “ Видео-снимката која беше објавена на социјалните медиуми собори рекорд по споделување.

 



Слични вести