Турски печат 28.06.2018

Преглед на денешниот турски печат

1001474
Турски печат 28.06.2018

Јени шафак : „Шимшек го даде првиот сигнал :„ Спремни за скок“

Потпретседателот на владата Мехмет Шимшек го даде првиот сигнал на новата управа. Шимшек рече дека по изборите Турција со новиот систем ќе оствари голем скок.

Хабертурк: „ Зејбекчи : Одлуката на САД за нас е неважечка'

Министерот за економија на Турција Нихат Зејбекчи рече дека апелот на САД до сојузниците да го стопираат увозот на нафта од Иран до ноември е неважечка за Турција.

Стар : „ Потпишан договор од 1,2 милијарди долари за реконструкција на  резервоарот за гас во Соленото езеро“

Потпишан договор од 1,2 милијарди долари со меѓународни финансиски организации за реконструкција на  резервоарот за гас во Соленото езеро. На чинот на потпишувањето присуствуваше министерот за енергетика и природни ресурси Берат Албајрак, кој потоа изјави дека на овој начин се прогласи турската национална енергетска и рударска политика.

Сабах : „ Прилив на туристи во Бодрум “

Патничкиот брод Меин Шиф кој плови под малтешко знаме по втор пат се укотви на пристаништето во Бодрум во текот на годинава. Бродот овој пат на пристаништето истовари 2077 туристи од Германија,кои се прошетаа низ чаршијата, пазареа и донесоа насмевка на лицата на продавачите.

Хуријет: „Пак ќе дојдам“

Светско популарната рок пејачка Анастасија која е на светска турнеја приреди концерт во Бодрум во Турција. Анастасија изјави дека е воодушевена од Бодрум и рече: „И порано имав дојдено во Турција, го посетив Истанбул, но Бодрум е нешто друго.Кога го видов ,се запрашав: Ова во Турција ли е? Го видовте ли залезот на сонцето вечерва? Беше прекрасно. Пак ќе дојдам.“

 



Слични вести