Турски печат 21.06.2018

Еве ги позначајните вести за кои што информираат весниците во своите денешни изданија овде во земјата...

996506
Турски печат 21.06.2018

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Во октомври тендерот за првата ветерна електрана на Турција над морето“ им одделува место на изјавите на министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак кој истакна дека во октомври ќе се одржи тендерот за најголемата ветерна електрана на светот над морето, која што ќе се изгради во Турција. Албајрак рече: „Тендерот ќе се одржи некаде околу октомври и даваме период на подготовка од 4 месеци.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Предавањето на воениот авион Ф-35 денеска“ информира дека почнува процесот на предавање на воените авиони Ф-35 чиј партнер во производството е и Турција. Првиот од овие авиони ќе им се предаде на турските воздушни сили денеска со церемонија која што ќе се одржи во градот Форт Ворт во САД, во производствените постројки на американската компанија Локид Мартин-главниот изведувач на проектот.

Весникот „Стар“ во веста чиј наслов гласи „Турската флота демонстрираше сила во Средоземното Море“ известува дека воените сили на Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) реализираа воени маневри за пребарување и спасување во водите на Средоземното Море во близина на Газимагуса. Воените маневри ги следеа седум набљудувачи од пет земји и беа реализирани со учество на цивилни и воени елементи.

„Уште еден рекорд во туризмот во Анталја“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабертурк“ каде што се вели дека туризмот во познатиот туристички центар Анталја по две години фрли потпис на голем успех. Градот кој 2018 година ја започна со подем, ѝ во Русија, ѝ во Европа ѝ на другите пазари, со наближување кон средината на годината оставајќи ја зад себе 2014 како најдобра година во својата историја, фрла потпис на нови рекорди. Анталја која почнувајќи од 14 јуни ги остави зад себе бројките од 2014 година заклучно со 18 јуни ја надмина и границата од 4 милиони туристи.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Германија му должи многу на фудбалерот од турско потекло Месут Озил“ пишува дека германските фудбалери репрезентативци од турско потекло Месут Озил и Илкај Ѓундоган кои минатиот месец во Лондон се состанаа со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со кого се фотографираа, беа поставени на мета во Германија. Ѝ германската канцеларка Ангела Меркел ѝ техничкиот директор на германската фудбалска репрезентација Јоаким Лев застанаа во одбрана на овие двајца фудбалери, кои на натпреварите беа исвиркувани и  протестирани од страна на арогантните и расистички Германци. Вчера пак германскиот весник „Ди Велт“ изнесе пофалби за Месут Озил. Весникот на својата насловна страница го истакна насловот „Германија му должи многу на Месут Озил“.



Слични вести