Турски печат 22.05.2018

Преглед на денешниот турски печат

976143
Турски печат 22.05.2018

Весникот Сабах во веста под наслов „Ердоган:Нема да отстапиме од наште права во Кудс и Шериф“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган на традиционалнаниот ифтар приреден во чест на амбасадорите во партиското седиште на АК партијата рече „Нема да отстапиме од наште права во Кудс и Шериф. Никогаш нема да ја препуштиме првата кибла на држава која што се храни со солзи,крв и окупација.“

Весникот Ватан во веста под наслов „ Ќе се обратиме на Светската трговска организација“ истакнува дека заменик министерот за економија Фатих Метин рече дека по повод Транс-Хазарскиот форум 2018 во Вашингтон ќе има можност да ги изложи турско американските економски односи.Тој додаде дека ако наскоро не дојде до промени во американската политика во однос на додатните даноци за увезениот челик и алуминијум ,Турција ќе се обрати до Светската тгрговска организација и ќе ги истакне сопствените контра мерки. Ги очекуваме последните одлуки на американските власти .

Весникот Стар во веста под наслов „ Пораст на производството на еклектрична енергија во хидроцентралите“ истакнува дека, минатата недела Турција оствари рекордно производство во електричната енергија од хидроцентралите. Тоа се должи на пополнетоста на капацитетите на електричните брани на ниво на земјата и на обилните врнежи од дожд во пролетните месеци кои се уште траат.

Весникот Хабертурк во веста под наслов „ Од Истанбул во првите 4 месеци полетаа 32 милиони патници“ известува дека според податоци на Генералната дирекција за стопанисување на аеродромите во првите 4 месеци од годинава од аеродромите Ататурк и Сабиха Ѓокчен во Истанбул полетале 32 милиони 218.911 патник и тоа преку реализирани 220 000 летови на домашни и меѓународни дестинации.Тоа претставува раст од скоро 4 милиони лета во споредба со истиот период минатата 2017 година.

Весникот Јени Шафак во веста под наслов „ Во Турција ќе се произведуваат возила со волан на десната страна“ истакнува дека во производствените капацитети на Хонда во Турција наскоро ќе започне производство на новата генерација на автомобили од типот на Сивик Седан со нов мотор и избор на волан од лева и десна страна, кои претежно ќе бидат наменети за пазарите во Британија, Ирска и Кипар.

 

 



Слични вести