Турски печат 09.05.2018

Еве ги позначајните вести за кои што информираат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

967162
Турски печат 09.05.2018

Весникот „Стар“ во текстот под наслов „Калин: Оваа одлука ќе биде причина за нестабилност и нови судири“ им одделува место на изјавите на портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин, кој во својата сметка на социјалната мрежа Твитер напиша дека едностраното повлекување на САД од нуклеарниот договор е одлука која ќе биде причина за нестабилност и нови судири. „Овој мултилатерален договор ќе продолжи со останатите земји. Турција ќе го продолжи својот одлучен став против секој вид нуклеарно оружје.“ - напиша во својата сметка на социјалната мрежа Твитер Ибрахим Калин, портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ертдоган.

Весникот „Јени Шафак“ на својата наслова страница го објави насловот „Порака од премиерот по повод Денот ан Европа“ каде што се вели дека премиерот Бинали Јилдирим во својата изјава која што ја даде по повод одбележувањето на Денот ан Европа рече: „Тоа што постојат сосема нормални политички изговори во однос на непријателството кон странците и изговори против исламот ги зголемува грижите во врска со иднината на Европската унија (ЕУ).“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Светската банка ја зголеми прогнозата за раст на Турција“ пишува дека Светската банка прогнозата за раст на бруто домашниот производ на Турција во споредба со прогнозите во октомври 2017 година ја покачи за 1,2 поени и ја зголеми на 4,7 насто. Согласно извештајот за преглед на економиите на земјите во Европа и Централна Азија објавен од страна на Светската банка, се претпоставува дека бруто домашниот производ на Турција откако во 2018 година ќе оствари раст од 4,7 насто, во 2019 година ќе оствари раст од 4,4 насто.

Весникот „Сабах“во веста под наслов „Ќе се произведува за прв пат“ информира дека Институцијата за регулирање на енергетскиот пазар (ЕПДК) го одобри проектот на Акционерското друштво за производство, складирање и продажба на течен природен гас ЛНГ, инаку фирма која има за цел за прв пат да произведува течен природен гас во Турција. Во веста се вели дека проектот воедно содржи и складирање на течен природен гас ЛНГ во постројките кои што ќе ги изгради оваа фирма. Генералниот дирекот на Акционерското друштво за производство, складирање и продажба на течен природен гас ЛНГ Џеват Евлијаоглу истакна дека постројките за кои што станува збор ќе бидат изградени во Афјонкарахисар и Чорум.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Оди кон рекорд“ им одделува место на изјавите на англискиот амбасадор во Анкара Доминик Чилкот кој истакна дека оваа година очекуваат во Турција да дојдат 3 милиони англиски туристи. Амбасадорот Чилкот рече: „Оваа година ќе биде соборен рекорд во бројот на туристите кои ќе допатуваат од Англија.“



Слични вести