Турски печат 19.04.2018

Еве ги позначајните вести за кои што информираат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

954579
Турски печат 19.04.2018

Весникот „Сабах“ на својата насловна страница ја објавува веста под наслов „Вонредната состојба продолжена за уште 3 месеци“. Во веста се вели дека на пленарна седница на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) беше усвоен владиниот документ за продолжување на вонредната состојба за уште 3 месеци почнувајќи од 19 април 2018 година. На тој начин вонредната состојба во земјата е продолжена по седми пат.

Весникот „Ватан“ во текстот под наслов „Изјава од Јилдирим за предвремените избори“ пишува дека на 24 јуни оваа година во недела ќе се одржат претседателски и парламентарни избори. Според веста, премиерот Бинали Јилдирим одржа конференција за претставниците на печатот во дворецот Чанкаја и притоа рече: „Оваа одлука е донесена поради случувањата со кои што се соочува земјата.“

„Започна првата трансакција на парична размена во трговијата помеѓу Турција и Иран“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Стар“ каде што меѓу другото се вели дека во склопот на договорот за парична размена во трговијата помеѓу Турција и Иран со домашни валути е реализирана и првата парична трансакција. Така во рамките на договорот за парична размена потпишан помеѓу централните банки на двете земји, а со цел поттикнување на меѓусебната трговија со домашни валути се премина кон процес на употреба на домашните валути. Со помош на овој систем се има за цел полесно тргување без притоа да се остане приврзан кон еврото или доларот.  Освен тоа со употребата на домашните валути се предвидува да се намали и ризикот од девизниот курс.

Весникот „Хурријет“ во текстот под наслов „Вентилот на ТАНАП ќе биде отворен на 30 јуни“ пишува дека е дојдено при крај во Трансанадолскиот гасовод ТАНАП низ кој што азербејџанскиот природен гас преку Турција ќе се транспортира во Европа. Оваа гасоводна линија која што се оценува како Енергетски пат на свилата е спремна на 30 јуни да испорачува природен гас во Турција. Испораката на природен гас во Европа пак со посредство на ТАНАП ќе започне во 2020 година.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под нааслов „Галатасарај шампион во ФИБА Европскиот куп  за жени“ известува дека женската кошаркарска екипа на Галатасарај на реванш натпреварот во финалето на Европскиот куп на Светската кошаркарска федерација ФИБА играше против италијански Рејер. Кошаркарките на Галатасарај и покрај тоа што изгубија со резултат од 72:65 со предноста од 22 коша што ја постигнаа против својот противник на првиот натпревар, во освоија ФИБА Европскиот куп истанаа шампионки. 



Слични вести