Турски печат 18.04.2018

Преглед на денешниот турски печат

953810
Турски печат 18.04.2018

Весникот Сабах во веста под наслов „ Ердоган оствари телефонски разговор со иранскиот претседател“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговор со претседателот на Иран Хасан Рохани.Двајцата лидери ја нагласиле потребата од вложување заеднички напори за зачувување на територијалниот интегритет на Сирија и изнаоѓање политичло решение на кризата во рамките на процесот Астана кој што се реализира на иницијатива на Турција,Русија и Иран.

Весникот Јени Шафак во веста под наслов „ Вонредната состојба продолжена за уште 3 месеци“ истакнува дека  Владата на Република Турција испрати до Парламентот предлог за продолжување на вонредната состојба за уште три месеци. Кабинетот на Владата ја усвои препораката на Советот за национална безбедност, во која се бара продолжување на вонредната состојба во Турција.

Весникот Хуријет во веста под наслов „Боздаг:Нема да дозволиме ситуација на свршен чин во Егејот “ истакнува дека вице премиерот и портпарол на владата Бекир Боздаг рече дека статусот на островите во Егејското море е јасен.Никој не треба да очекува од Турција да прифати ситуација на свршен чин во Егејското море.Ако Грција смета на тоа,многу греши.

Весникот Ватан во веста под наслов „ Албајрак : Германија е многу важна држава за Турција“ истакнува дека министерот за енергетика и природни ресурси на Турција Берат Албајрак во разговор со новинарите посветен на билатералните средби во Берлин каде престојува во официјална посета рече дека обемот на трговската размена меѓу двете земји Германија и Турција изнесува 40 милијарди евра, дека Германија е втора земја на списокот на извозот на Турција и прва на списокот на увозот, така што таа е многу важен партнер за Турција.

Весникот Стар во веста под наслов „ 2018 година на турскиот туризам во Кина“ пишува дека Министерот за култура и туризам на Турција, Нуман Куртулмуш, истакна дека Кина во блиска иднина ќе стане еден од најзначајните туристички партнери на Турција.Куртулмуш, во рамките на неговата посета на Кина по повод „Година на турскиот туризам“, учествуваше на кинескиот Саем за туризам и патувања , кој се одржува во кинескиот главен град Пекинг.

 



Слични вести