Турски печат 12.04.2018

Еве ги позначајните случувања на кои што се осврнуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

949656
Турски печат 12.04.2018

Весникот „Сабах“ информира дека претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган синоќа разговараше телефонски со американскиот претседател Доналд Трамп. Во објавеното соопштение од кабинетот на претседателот се истакнува дека претседателот Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп синоќа остварија телефонски разговор. Двајцата лидери Ердоган и Трамп во телефонскиот разговор разменија мислења за последните случувања во Сирија. Во објавеното соопштение од Белата куќа пак се вели следното: „Двајцата лидери ќе продолжат да комуницираат во врска со актуелните случувања.

На насловната страница на весникот „Стар“ стои веста под наслов „Турција ги расипа економските игри“ каде што им се одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека се расипани и ќе продолжат да се разбиваат игрите на одредени средини особено над економијата чија цел е да се сопре Турција која постигнува развој во секоја сфера. Нагласувајќи дека извесни средини ги користат адутите како што се тероризмот и девизниот курс, Ердоган напомена дека Турција е подложена на економска операција и обраќајќи им се на силите во позадината на овие валкани пресметки рече: „Нема да успеете.“

Весникот „Ватан“ ја објавува веста под наслов „Исповед од Иран во врска со Турција“ каде што се осврнува на изјавите на  претседателот на Заедничката трговска комора на Иран и Катар Аднан Мусапур кој рече дека Турција искористувајќи ги своите дипломатски и економски инфраструктурни можности ги остава зад себе останатите земји, на катарскиот пазар. Истиот ирански бизнисмен истакна дека по кризата која што се појави меѓу Катар и некои Арапски земји Турција ја воспостави својата надвласт на Катарскиот пазар каде што после Турција следуваат Европските земји, а Иран е веднаш по нив. Мусапур подвлече дека Турција со нејзините инфраструктурни можности во транспортот, банкарството и поддршката на извозниците ги искористува можностите кои што се појавуваат во регионот и дека Таа воедно го користи и нејзиниот дипломатски и економски потенцијал. 

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Граничниот премин Маслиново гранче готов во мај“ информира во врска со изјавата на министерот за царина и трговија Булент Туфенкчи кој истакна дека кон средината на месец мај ќе биде отворен граничниот премин Маслиново гранче преку кој се планира да се доставува хуманитарна помош во подрачјето на Африн кое е исчистено од тероризмот.

„Италија зафатена од ветрот на Џенгиз Ундер“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабер Турк“ каде што се вели дека на четвртфиналниот реванш натопревар во Лигата на шампионите италијански Рома дома извојува победа против Барселона со резултат од 3:0 и го запиша своето име во полуфиналето. Весникот потсетува дека првиот натпревар заврши со резултат од 4:1 за Барселона, а воедно нагласува дека асистенцијата за голот со кој што Рома се пласира во полуфиналето пристигна од турскиот репрезентативец Џенгиз Ундер. Во веста исто така се вели дека преку сметката на италијанската екипа Рома на социјалната мрежа Твитер е споделена фотографијата на Џенгиз Ундер со војнички поздрав кој беше асистент во третиот победоносен гол. Џенгиз Ундер, пишува весникот, во оваа сезона во Лигата на шампионите каде што игра за прв на три одиграни натпревари постигна еден гол и имаше една асистенција.

 



Слични вести