Турски печат 11.04.2018

Еве ги позначајните вести на кои што се осврнуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

948673
Турски печат 11.04.2018

Весникот„Сабах“ на својата насловна страница во веста под наслов „Одговор од Ердоган до Лавров“ пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по вчерашниот состанок на пратеничката група на својата партија во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) одговараше на прашањата на новинарите посветени на актуелниот дневен ред. Претседателот Ердоган во врска со изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров околу тоа дека очекуваат Африн да му биде предаден на сирискиот режим рече: „Овој приод е многу погрешен. Ние многу добро знаеме кому да му го вратиме Африн.“

Весникот „Ватан“ во текстот под наслов „Повик од Ердоган до муслиманските земји за давање зеќат“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера  во претседателската палата говореше на приемот на координаторите на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА). Велејќи „Особено им се обраќам на муслиманските земји богати со нафта“, претседателот Ердоган рече: „Доколку муслиманските земји само би установиле своите зеќати и би им ги дале на сирамошните земји сигурно не би останале сиромашни во светот.“

„Уште една прекугранична операција од МИТ! Тројца припадници на ФЕТО донесени во Турција“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабер Турк“ каде што меѓу другото се вели дека е разбиена структурата на Фетулахистичката терористичка организација паралелната државна структура (ФЕТО/ПДЈ) во централноафриканската држава Габон. Во операцијата се фатени тројца членови на ФЕТО/ПДЈ. Овие тројца терористи челници од главниот град на Габон Либревил со специјален авион беа донесени во Турција и им беа предадени на судските органи и нивното сослушување продолжува.

Весникот „Стар“ во текстот под наслов „Договор од АСЕЛСАН во износ од 42,7 милиони долари“ информира дека Воената електронска индустрија (АСЕЛСАН) една од водечките компании на турската одбранбена индустрија со еден домашен купувач потпиша договор во сферата на сообраќајните системи во износ од 42 милиони 706 илјади 850 долари. Согласно договорот сообраќајните системи ќе и бидат предадени на фирмата купувач во текот на 2018 и 2019 година.

Весникот „Хурријет“ го објавува текстот под наслов „Еџзаџибаши шампион“ и притоа ги информира своите читатели дека во финалето на ЦЕВ Купот за жени Еџзаџибаши ВитрА го угости белорускиот претставник Минчанка Минск и по реванш мечот со резултат од 3:1 извојува победа од 3:0 и ја освои шампионската тутула. Еџзаџибаши ВитрА освојувајќи го ЦЕВ Купот по трет пат стана европски шампион.  

 



Слични вести