Турски печат 10.04.2018

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

947901
Турски печат 10.04.2018

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Ердоган со Путин разговараше за состојбата во Источна Гута“.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Двајцата лидери на разговорот разменија мислења во врска со билатералните односи и последните случувања во Сирија. Претседателот Ердоган на средбата ја изнесе загриженоста во врска со нападите во Дума и Источна Гута поради што потенцираше на значењето на заедничката соработка за спречување на убиствата на цивилите како и доставувањето на хуманитарната помош.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „19 фирми добија поттик за 23 проекти“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган во говорот во Културниот и конгресен центар Бештепе Миллет рече дека во рамките на активностите за коренито решавање на проблемот со тековниот дефицит, преку стимулативниот систем кој се заснова на остварување конкретни проекти, беа доделени 135 милијарди поттикнувачки инвестиции за остварувањето на 23 инвестициони проекти. Со енергетските потфати и производството на  високо-технолошки производи, Турција од корен ќе го реши проблемот со тековниот дефицит.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Потпис од 5,1 милијарди долари во сферата на енергијата“ истакнува дека компанијата „Metcap Energy Investments“ со седиште во Турција и „Fusion Dynamics“ со седиште во катар потпишаа договор вреден 5,2 милијарди долари со кој се предвидува изградба на објект за преработка на природниот гас и петрохемиски производи. Претседателот на УО на компанијата „Metcap Energy Investments“ Џелал Метин рече дека со остварувањето на проектот планираат производство на полипропилен и полиетилен кој ќе задоволува 30 насто од потребите на Турција. На тој начин ќе се намали вкупниот увоз на овие производи за 1,4 милијарда долари и ќе одигра голем придонес во натамошниот развој на економијата на Турција.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Освен Турција нема некоја друга земја во светот која што прими толку голем број на бегалци“ ја објавува изјавата на директорот на одделот за итни состојби и рехабилитација при Организацијата за исхрана и земјоделство на ОН (ФАО) Доминик Бургеон кој во придружба на делегацијата престојуваа во посета на Османије. Во рамките на посетата Бургеон  и членовите на делегацијата имаа можност да го обиколат заедничкиот проект пластеници на ФАО и Министерството за исхрана, земјоделство и сточарство за сириските бегалци. Бургеон во ова прилика рече дека треба да се прифати фактот за гостопримливоста и напорите на Турција во врска со сириските бегалци. Освен Турција нема некоја друга земја во светот која што прими толку голем број на бегалци, потенцираше Бургеон.

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „Предизвика големо возбудување“ истакнува дека во Милас, покрај пештерата Инџирлиин која важи за една од најубавите во Турција и се наоѓа на една стрмнина на копнениот пат Милас – Јатаган, беше откриена уште една пештера. Гледано од аспект на геополитичката структура и столбовите, пештерата по испитувањата на надлежните и научниците, се очекува да се вброи меѓу културно-историските знаменитости на земјава и на тој начин да привлече поголем број туристи во Милас. Новооткриената пештера предизвика големо возбудување. Месното население истакнаа дека Милас кој се истакнува со културно-историските и туристички вредности, сакаат новото природно ремек дело да се вброи меѓу туристичките дестинации на градот.



Слични вести