Турски печат 03.04.2018

Преглед на денешниот турски печат

944070
Турски печат 03.04.2018

Весникот Ватан во веста под наслов „ Историски ден, поставен камен темелникот на нуклеарната централа Аккују“ истакнува дека, со присуство на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, и рускиот претседател, Владимир Путин, преку видеоконференција од Анкара, во јужниот турски град Мерсин свечено е положен камен-темелник за изградба на првата турска нуклеарна централа Аккују.Пред претседателската палата во Анкара беше организирана церемонија по повод положувањето камен-темелник за изградба на првата турска нуклеарна централа, а на церемонијата присуствуваа претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган, рускиот претседател Владимир Путин, голем број министри и официјални лица на двете земји.

Весникот Сабах во веста под наслов „ Твитер порака на руски јазик од Ердоган“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган после свеченото поставување на камен темелникот на првата нуклеарна централа Аккују во Турција преку својот Твитер профил на руски јазик го  напиша следното „Се остварува 30 годишниот сон на нашата земја.Реализацијата на проектот Аккују која се остварува во рамките на економската соработка со Русија претставува историски настан. Голема благодарност до сите оние кои беа вклучени во реализацијата на овој проект.Наша цел е нуклеарната централа Аккују да биде пуштена во погон во 2023 година.“

Весникот Јени Шафак во веста под наслов „ Постигнавме договор за ракетите С-400“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари едно часовен разговор со високиот гостин од Русија,претседателот Владимир Путин. Се дознава дека двајцата лидери меѓу другото се задржале и на ракетите С-400 кои Турција сака да ги набави од Русија. Претседателот Ердоган рекол дека тоа е готово и дека наскоро ќе започне да се спроведува договорот меѓу двете земји за набавка на ракетите.

Весникот Стар во веста под наслов : Путин: С-400 се наше приоритетно прашање со Турција“ истакнујва дека после едночасовниот разговор со својот домаќин во Анкара, претседателот на Русија Владимир Путин истакнал дека во разговорот меѓу другото станало збор и за ракетите С-400 и дека било договорено тие што поскоро да и бидат испорачани на Турција, што е приоритетно прашање во нашата соработка со Турција,како што рекол.

Весникот Хабертурк во веста под наслов „Министерот Озлу :Турција веќе не е земја која чека во чекалната“ истакнува дека министерот за наука,индустрија и технологија Фарук Озлу говорејќи на еден собир во Истанбул рече дека Турција во минатото заостануваше во остварувањето на индустриските револуции, потоа следуваше период на надоместување на пропустите, а сега сме во ситуација на земја која не ги следи настаните од трибините и не чека во чекалната, туку земја која самата активно учествува во осварувањето на целите и визионерските дострели.

 



Слични вести