Турски печат 26.03.2018

Преглед на денешниот турски печат

937533
Турски печат 26.03.2018

Весникот Сабах во веста под наслов „Таму каде што се гледа Турската полумесечина постои надеж“ истакнува дека, после успешното завршување на воената операција Маслиново гранче на турските вооружени сили во Африн, Сирија, турската хуманитарна организација Црвена полумесечина започна со активностите за пружање на итна хуманитарна помош на населението кое со години живееше под опсада. Помошта се реализира во вид на делење на храна топол оброк, и хигиенски пакети.За таа намена на неколку места во градот се поставија мобилни кујни и пекари, а претседателот на Црвената полумесечина Керем Киник по тој повод рече: Секаде онаму каде што се гледа Турската црвена полумесечина таму постои надеж.“

Весникот Јени шафак во веста под наслов „ Во 2020 година  Турција ќе произведува домашни ракети воздух-воздух“ истакнува дека, продолжуваат работите околу сериското производство на домашните ракети  Ѓоктуг и Боздоган од типот воздух-воздух кои за прв пат и беа прикажани на јавноста на саемот ИДЕФ 2017. Моментално се работи на тестирање на моторот на ракетите како и балистичките тестирања, кои што се реализираат во градот Синоп на брегот на Црното море. За кон крајот на годинава е предвидено да се започе со тестирања на жива мета, по што ќе следат тестирањата на ракетите од воените авиони. Се очекува проектот да биде финализиран до крајот на 2020 година.

Весникот Ватан во веста под наслов „ Прва операција со робот во Турција“ истакнува дека во клиничката болница на Медицинскиот факултет на Универзитетот Анкара, во Анкара за прв пат се изведе операција на тумор на мозок која ја изврши роботот Да Винчи. Жената пациент на  50 години ќе влезе во историјата како прв пациент во Турција, а можеби и во светот оперериран со робот, а целиот случај го подготви екипа на хирурзи од клиниката предводена од  хирургот специјалист Умит Ероглу.

Весникот Хабертурк во веста под наслов „Данкан Фергусон го пофали Џенк Тосун“ истакнува дека, турскиот фудбалер Џенк Тосун кој што игра за Евертон во Британија, доби пофалби од легендата на клубот сега тренер Данкан Фергусон. Фергусон за Тосун за кого Евертон на Бешикташ каде претходно играше Тосун му плати 26 милиони евра, рече дека ако Тосун игра со истиот елан како што е сега секако ќе постигнува големи успеси. Се надевам дека ќе дава многу голови за нас.

 



Слични вести