Турски печат 22.02.2018

Преглед на денешниот турски печат

915680
Турски печат 22.02.2018

Весникот Сабах во веста под наслов „Турција ќе произведува тенкови без екипаж“ истакнува дека во Народниот конгресен и културен центар „Бештепе“ во Анкара се одржа промоција на развојниот план на Турција, а на присутните им се обрати претседателот Ердоган кој истакна дека актуелната власт во изминатите 15 години направила историски развоен напредок и ја оправдала довербата на народот.Ердоган изјави дека Турција треба да дојде во позиција да произведува сопствени беспилотни тенкови и најави дека тоа ќе го стори во наредниот период.

Весникот Јени шафак во веста под наслов „ Премиерот апелира на  мобилизација за каматите и инфлацијата“ истакнува дека премиерот Бинали Јилдирим во говор на седница на Советот за надворешни економски односи повика на мобилизација за каматите и инфлацијата. Подвлекувајќи дека треба да се работи со здружени сили околу каматите  и инфлацијата премиерот Бинали Јилдирим посочи дека инфлацијата треба да се сведе на под 7 посто.

Весникот Ватан во веста под наслов „ Наслението на Турција во 2040 година ќе достигне до 100 милиони “ истакнува дека според анализите на Турскиот завод за Статистика доколку продолжи овој тренд во 2040 година се очекува Турција да има 100 милиони население.

Весникот Хабертурк во веста под наслов „Јигит Џан Јилмаз на списокот на Епл“ истакнува дека 16 гимназијалец од Кахраманмараш Јигит Џан успеал да ги утврди безбедносните пропусти на Епл и благодарение на тоа компанијата неговото име го запиша на списокот кои добиле благодарници. Јилмаз инаку работи за Епл во делот кој што се однесува на безбедносните системи на компанијата.

Хуријет во веста под наслов „ Турските телевизиски серии на врвот во Сомалија“ истакнува дека катарската телевизија Ел Џезире спроведе истражување за популарноста на турските телевизиски серии во Сомалија. Истражувањето покажа дека турските телвизиски серии се многу повеќе гледани од индиските и американските, и дека сомалискиот народ со големо уживање ги гледа сериите од турска продукција.

 

.



Слични вести