Турски печат 07.02.2018

Преглед на денешниот турски печат

905264
Турски печат 07.02.2018

Весникот Јени шафак во веста под наслов „ Ердоган: ќе одиме во Мунбич“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган во говор на седница на парламентарната група на АКП партијата на чие чело се наоѓа самиот тој  осврнувајќи се на успешната реализација на воената операција Маслиново гранче рече дека на ред е Мунбич во Сирија, и дека откога и Мунбич ќе биде почистен од терористите ќе им биде предаден на неговите вистински жители.

Весникот Стар во веста под наслов „Чавушоглу: Она што бараме од ЕУ е да не ги поддржуваат терористите и да не ни пречат“ истакнува дека министерот за надворешни работи на Република Турција Мевлут Чавушоглу во изјава за еден приватен телевизиски канал рече дека чудно е тоа што секогаш кога Турција ќе преземе некоја операција против терористите  сите како да не можат отворено да ни кажат не преземајте таква операција, туку акцентот го ставаат на цивилите обидувајќи се да го намалат значењето на операцијата или да не критикуваат преку тој канал.Познато е она што ние го бараме од САД:Да прекинат со поддршката на терористичката организација и уште нешто ,да не ни сметаат,подвлече Чавушоглу.

Весникот Сабах во веста под наслов „ Две важни посети од Америка на Турција“ истакнува дека шефот на американската дипломатија Рекс Тилерсон и совесникот за национална безбедност Мекмастер наскоро ќе допатуваат во посета на Турција. Се очекува Тилерсон и Мекмастар во Анкара да водат разговори со своите домаќини и со политичкиот врв на земјава.

Весникот Хабертурк во веста под наслов „ На десетото место во светот“ истакнува дека Турција со златни резерви од 564,8 тони, се најде пред Индија на светскиот список на земји со најмногу златни резерви.Како што соопшти Светскиот конгрес за злато, заклучно со февруари 2018 година САД се наоѓаат на чело на списокот со златни резерви од 8.133 тони злато, а по САД следуваат Германија со 3.373 тони и Италија со 2.451 тони златни резерви.

Весникот Ватан во веста под наслов „ Познати противничките на турските кошаркарки“ истакнува дека во Тенерифе се извлекоа ждрепките за Светкото првенсто 2018 на ФИБА.На шампинотот што ќе се одржи од 22 до 30 септември годинава противнички на турските кошаркарки во Б групата ќе бидат репрезенациите на Австралија, Аргентина и Нигерија.

 

 



Слични вести