Турски печат 30.10.2017

Преглед на денешниот турски печат

836743
Турски печат 30.10.2017

Весникот Сабах во веста под наслов „Турција ќе ги расипе сите игри“ известува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган истакна дека одредени центри на моќта се обидуваат да ги спроведуваат своите сценарија како на регионално така и на глобално ниво. Се настојува да се формира терористичка држава на југот на Турција,што Туција сигурно нема да го дозволи и ќе ги расипе сите овие игри. Сите тие сметаа дека Турција има само 94 годишно искуство и заборавија дека таа има вековно искуство и сила која претставува збир од илајници години. Се додека тие што се пред нас се однесуваат според правото и правдината,ние нема да се мешаме,но оној момент кога нема да го прават тоа ние со сила ќе им ги расипеме сите нивни сценарија.

Весникот Јени шафак во веста под наслов „Турција ќе произведува копнени  возила без возач“ известува дека Секретаријатот на одбранбената индустрија на Турција најави дека наскоро во погоните на производствените капацитети на Турција ќе започне сериското производство на домашни копнени  возила без возач. Турција планира во следните неколку години да произведува и воени возила без возач,кои самите ќе се движат и ќе се ориентираат по теренот.

Весникот Хабертурк во веста под наслов „ Економијата на Истанбул поголема од  економиите на 130 земји“ известува дека според  Васип Шахин гувернер на Истанбул и претседател на Агенцијата за развој на Истанбул, Истанбул со вкупен економски раст од 349 милијарди долари зад себе ги остави 130 земји. Веруваме дека во следниот период треба многу повеќе да се ориентираме кон научно истражувачките активности и на развивање на научни проекти за да можеме да влеземе во земјите со високи доходи, вели Шахин. Шахин додава дека не треба да се забрави дека Истанбул располага со економска сила која е еднаква на 40 посто од економската сила на цела Турција и дека  зад себе ги остава економиите на  Романија, Унгарија, Хрватска и Луксенбург и на уште 25 земји членки на ЕУ.  Економијата на Истанбул е поголема од економиите на 130 земји,подвлекува Шахин.

Весникот Стар во веста под наслов „ Турција земја со богата култура “ истакнува дека, министерот за култура и туризам Нуман Куртулмуш кој беше во обиколка на античкиот локалитет Перге кај Анталија, видно воодушевен од тоа што имаше да го види рече дека треба да се продолжи со ископувањата и на светлината на денот да се извадат сите убавини на антички Перге. На ниту еден антички локалитет во светот нема вакви убавини како што ги има во Перге. Градот бил изграден пред 6000 години и во него можат да се видат траги од еленистичкиот и римскиот период. Во афирмацијата на античкиот град Перге голема улога му припаѓа на туристичкиот сектор. Анталија располага со висок туристички потенцијал но и со туриситчки сектор со големо искуство,така да нема да претставува поголема тешкотија сето тоа да биде искористено во полза на афирмацијата на античскиот локалитет Перге, рече министерот за култира и туризам Нуман Куртулмуш.

 

 



Слични вести