Турски печат 19.10.2017

Преглед на денешниот турски печат

830223
Турски печат 19.10.2017

Весникот Сабах во веста под наслов „ Ердоган до Барзани: Што бараш во Киркук?“ истакнува дека претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган рече дека Регионалната курдска управа на северот на Ирак ќе положи сметка пред историјата бидејќи не води сметка за присуството на различните етнички заедници во овој дел на Ирак. Барзани вели Киркук е мој град, со кое право го вели тоа го прашувам? За секоја пролеана капка крв во Ирак е одговорна токму Регионалната курдска управа на северот на Ирак. Секако дека нема да дозволиме слободно да се движат терористите на ПКК или на било која терористичка организација“ подвлекува претседателот Ердоган.

Весникот Јени шафак во веста под наслов „ Нема решение со пет браќа“ истакнува дека според премиерот Бинали Јилдирим Обединетите нации не донесоа решенија за воените конфликти како во Авганистан,така и во другите делови како што се Кипар, Палестина и другите.Говорејќи на свеченото отворање на ТРТ Ворлд Форум во Истанбул,премиерот Бинали Јилдирим рече: Советот за безбедност на ОН се состои од 5 члена. Едниот од нив го блокира патот пред другте, што конечно резултира со неуспех во решавањето на кризите.

Весникот Ватан во веста под наслов „Турција предизвика изненадување во целиот свет“ истакнува дека,  постигнатиот економски раст од 5 посто во првите 6 месеци од годинава во Турција предизвика вистинско изненадување во целиот свет.Ова не можеа да го предвидат ниту најголемите светски рејтинг агенции, па дури и Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.Јоханес Цут директорот за Турција на Светската банка,по тој повод изјави дека годишната оценка за развојот на Турција најверојатно ќе ја заокружиме на 5-5.1 посто бидејќи развојот постигнат во првите 2 квартали од годинава укажува на продолжување на истата динамика на развој и во месеците до крајот на тековнава година. Инаку во јунскиот извештај на Светската банка за Турција се предвидуваше  стапката на економскиот развој на земјата да изнесува некаде од 3 до 3,5 посто.

Весникот Стар денес пишува дека Турција и Русија постигнале договор за откуп на турски домати. Рускиот министер за енергија Александар Новак рече дека постигнале принципиелен договор со Турција за откуп на домати.Ко-претседателот на руско-турската меѓувладина комисија Новак, на едно прашање во врска со тоа кога Русија ќе дозволи откуп на домати од Турција рече:„Во врска со ова прашање е усвоена принципиелна одлука. Се реализираат законски прописи и регулативи почнувајќи од 1 декември, од 4 турски компании да се откупат 50 илјади тони домати. Исто така се работи на подготвувањето и одобрувањето на потребната документација на тоа поле“.

Весникот Хуријет во веста под наслов „Џенк Тосун на списокот на барани фудбалери“ истакнува дека фудбалерот на Бешикташ Џенк Тосун со успехот постигнат на последниот натпревар на клубот против Монако кој заврши со резултат од 2 спрема 1 за Бешикташ е се повеќе баран на странсфер листите. Тосун моментално е еден од најбараните фудбалери на трансфер листата на Премиер Лигата. Натпреварот Бешикташ-Монако го следеше и Даги Фридман директорот на клубот Кристал Палас. Се знае исто така дека Тосун се наоѓа и на трансфер листата на Њукасл Јунајтед инаку екипа во Премиер Лигата.

 



Слични вести