Турски печат 25.09.2017

Преглед на денешниот турски печат

813639
Турски печат 25.09.2017

Весникот Ватан во веста под наслов „ Турција ќе произведува делови за Боинг„ известува дека министерот за економија Нихат Зејбекчи изјавил дека Турција не сака само да купува готови авиони на Боинг туку дека сака исто така да произведува делови за овој модел на вион. Зејбекчи за средбата со претставниците на американската компанија Боинг во Њујорк  рече дека Турција треба да се ориентира кон компании кои ќе бидат во можност да одговорат на барањата на компаниите како што е Боинг, да бидат дел од таа технологија, култура,смисла за припадност кон бренд и секако да бидат неделива алка на тој зинџир. Ете токму околу овие прашања постигнавме согласнот со претставниците на Боинг. Министерот Зејбекчи додаде дека Турција моментално е во можност да пропизведува делови за Бониг како што се делови за трупот на авионот,седишта и внатречна опрема.

Весникот Хабертурк во веста под наслов „Започна извозот на цитруси во Мерсин“ известува дека производителите на цитруси во Мерсин,град познат по портокалите,лимоните, мандарините и цитроните, деноввие ги извезуваат првите количини цитруси од овогодишната реколта. Само минатата година Мерсин со 587 000 тони лимони беше прогласен за шампион во производството на лимони во Турција. Минатата година Мерсин пропизведе 1. 054.000 тони цитруси а за годинава се очекува 1 милион тон лимони, кои претежно че се пласираат на пазарите во Русија и арапските држави.

Весникот Сабах во веста под наслов „ Турци за воланот “ истакнува дека  турскиот автомобилски сектор кој што извезува во сите четири страни на светот , извезува и раководители на компании. Деновиве во сите светски автомобилски компании можат да се видат Турци вработени било како инжењери и дизајнери, било како маркетинг раководители, потоа во набавката,сервисирањето,развојната технологија, комуникациите и другите делови од производствениот зинџир.

Весникот Јени шафак во веста под наслов „ Турција ќе оствари општ раст од 7 посто“ известува дека премиерот Бинали Јилдирим привлекувајќи го вниманието кон брзиот економски раст на Турција најави дека се предвидува во третиот квартал од годинава Турција за забележи општ економски раст од 7 посто. Премиерот Јилдирим рече дека Турција  претставува стабилен остров во бурниот регион како резултат на стабилната политика која ја води владата.

Весникот Стар известува дека во Националната библиотека во Норвешка бил пронајден првиот турски печатен атлас. Утврдено било дека атласот кој го носел насловот „ Превод на Џедид Атлас“ потекнувал од 1803 година. Андрес Мвемберг вработен во библиотеката рекол дека овој атлас бил отпечатен во 1803 година во 50 примероци во Истанбул и дека денес биле сочувани само  неколку од нив, поточно само 14. Тој атласот го пронашол преку социјалните медијуми,поточно преку Реддит.

 

 

 



Слични вести